Вести Македонија Најважни

Прв ден вакцинација без термин – гужви, турканици, револт

Нерзовни граѓани, револт, гужви, турканици. Прв ден вакцинација без закажан термин – состојбата по скопските поликлиники на раб на ескалација. Во Јане Сандански превентивно биле испратени полициски екипи, но не поради инциденти туку поради големите гужви – велат од МВР

Граѓаните кои го чекаа својот ред во поликлиниката Букурешт пред камерите на Телма се жалат дека нема никаква организација – возрасни граѓани на жешкото сонце чекаат и по 3-4 часа да дојде нивниот ред за вакцина.

Од поликлинитата пак категорични имаат полни раце работа – одзивот на граѓаните е голем. Иако беше најавено дека ревакцинацијата треба да биде во спортските сали, сепак се чекаше ред и за ревакцинација.

Надлежните топката ја префрлаат на граѓаните – сите сакале да примат вакцина во раните утрински часови.

И додека денеска во Букурешт веќе биле вакцинирани неколку деца на возраст од 12 до 16 години, а други чекаа вакцина – министерот Филипче денеска ги информираше родителите – дека мора да ги пријата на вакцинација.мк. и да добијат термин.

Првиот ден на слободно вакцинирање без закажан термин помина со многу нервози и гужви. Надлежните и граѓаните се надеваат дека од утре нема да биде ваква сликата пред вакциналните пунктови.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Вечерва извршен одбор во СДСМ-ќе успее ли раководството да се консолидира или ќе се потврдат внатрешните разлики?

Kristina Kuzmanovski

Од 15 ти месецов нови промени на македонските патишта

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе