Најважни Свет

По обработени 95 отсто податоци води ГЕРБ-СДС со мала разлика пред „Има таков народ“

Врз основа на последните податоци на Централната изборна комиција на Бугарија, по обработени 95 отсто гласови на предвремените парламентарни избори, ГЕРБ-СДС води со мала разлика.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тие добиле 23,91 отсто гласови.

Втора политичка партија со најмногу гласови е „Има таков народ“ – 23,66 проценти. Третата парламентарна сила во 46. Народно собрание на Бугарија ќе бидат социјалистите со 13,63 проценти гласови. Прозападна Демократска Бугарија е рангирана малку зад нив – 12,55 проценти од гласовите досега.

Многу локални аналитичари сметаат дека гласовите што доаѓаат од странство ќе бидат одлучувачки, додава дописникот на МИА од Софија.

Петти се Движењето за права и слободи – 10,59 проценти глаови додека коалицијата „Исправи се! Мафијата надвор!“ – 5,04 проценти гласови. Останатите партии и коалиции не минаа праг за влез во парламентот на Бугарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

АЛИУ: Чекалните во Онкологија се под секое достоинство

Дејан Дејан

Се заострува конфликтот мегу Израел и Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе