Македонија Топ вести

Тим од педијатрија ќе испитува зошто 50 бебиња и дечиња покажуваат симптоми на респираторни инфекции среде лето

Министерството за здравство соопшти дека во текот на утрешниот ден, тим од клиниката за педијатрија ќе бидат упатени во болницата во Гевгелија, каде изминатиот месец лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми на  респираторни инфекции.

Д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ заминуваат како поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика.

Како што информираат од здравство, во моментов во болницата во Гевгелија, хоспитализирани се само две бебиња, поради возраста, додека 20-тина деца се на терапија, но не се и задржани во болница.

Се тврди дека ОБ Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспецифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а карактеристични се за есен и зима, потребни се дополнителни анализи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери

Tea Dimkovska

МВР: Учениците кои сакаат да се запишат во Средно полициско училиште нема потреба да се отпишуваат од нивното матично училиште

Tea Dimkovska

Речиси целиот комунален отпад во Македонија завршува на депонии

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе