Македонија Најважни

(видео)Брнз: Немојте да имате сомнеж дека вашата иднина без сомнеж е во интегрирана Европа

Во соединетите држави се слави Денот на независноста, во спомен на четврти јули 1776 година, кога била усвоена Декларацијата за независност, со што беше прогласена независноста на САД од Велика Британија.

Со бројни манифестации низ американските градови, и во Вашингтон празникот ги слави историјата, политичката традиција и американскиот начин на живот.

Американската амбасадада во македонија организираше прослава по повод 4-ти Јули. Ова е второ виртуелно одбележување на 245-от роденден на Американсата нација од прогласувањето на независноста.

На прославата од американската амбасада, која беше пренесувана на официјалната Фејсбук страница, американската амбасадорка Кејт Мари Брнз испрати порака до политичарите и до власта и до опозицијата.

Еве дел од нејзиното обраќање: Порака до лидерите на оваа земја од највисоките нивоа па до локалните како до власта така и до опозицијата вашето дејствување е важно. Краткорочната политичка цел е поткопување на довербата во инстициите и меѓусебната доверба, одбегнување наместо разговор и потпалувањето на поделбите наместо градење доверба има долгорочна цена која е премногу висока за било која земја да ја плати и оди во прилог на надворешните елементи кои сакаат поткопување на довербата и стабилноста на демократијата, истакна Брнз.

„Можам да разберам, рече таа дека некои од вас се фрустрирани, напредокот оди бавно, тешко е да се види позитивна промена, но работите не се менуваат секогаш со темпо кое ние го посакуваме, но се менуваат“.

„Немојте да имате сомнеж дека вашата иднина без сомнеж е во интегрирана Европа. Ќе стоиме веднаш до вас како што стоевме во изминатите три децении поддржувајќи ги вашите напори за да се постигне оваа цел“, истакна Брнз.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судиите поротници денес на мирен протест откако со години никој не презема мерки за нивните ниски надоместоци

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: Студенти ќе можат да одат на пракса во општините во текот на летниот период

Tea Dimkovska

Дојчиновски: Младите се селат од Македонија затоа што власта им ја одзема перспективата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе