Македонија Најважни

Меркел: Иднината на Западен Балкан е во вистински обединета Европа

Уверена сум дека иднината на Западен Балкан е во вистински обединета Европа, порача германската канцеларка ангела Меркел во своето видео обраќање по повод виртуалниот Самит на Берлинскиот процес, кој почнува в понеделник, а чиј донаќин е Германија.

Таа истакна дека има уште многу предизвици на Западен Балкан, дека недовербата и национализмот се уште постојат, а билатералните спорови можат во секој момент да се разгорат, поради што е неопходно помирување. Како што истакнува Меркел, тоа значи справување со минатото и преземање на се што е можно за идните генерации да живеат во мир.

Западен Балкан е непосреден сосед на ЕУ. Тој е дел од Европа, каде раните од војната уште не се заздравени, а и во Германија живеат голем број граѓани кои се по потекло од тој простор. Мене ми е јасно дека државите на ЕУ мораат да имаат интерес за мирен развој на Западниот Балкан. Имаме одговорност практично да се заложиме за развој на тој дел на Еврпа – Ангела Меркел, канцеларка на Германија.

Германската канцеларка истакна дека Берлинскиот процес кој постои од 2014 веќе постигна некои успеси, како што е и неодамнешното формирање на Младинскиот форум. Па сега конечнмо е возможно она што се сметаше за невозможно, а тоае  размена на ученици од различни вери и етникуми. „Тоа е придонес кон мирот“, истакнува Меркел, инфраструктурните проекти, научната соработка и меѓусебото признавање на дипломите, тоа води кон надминување на предрасудите.

Сето тоа земјите од Западен Балкан ги води кон напредок кон заедничката цел – исполнување на условите за членство во ЕУ. Убедена сум дека, порано или подоцна нивната иднина навистина ќе биде во обединета Европа – Ангела Меркел, канцеларка на Германија.

Воспоставувањето на Берлинскиот процес има за цел да се пружи конкретен придонес кон стабилноста во регионот и мирниот дијалог, кој досега постигна многу.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судиите поротници денес на мирен протест откако со години никој не презема мерки за нивните ниски надоместоци

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: Студенти ќе можат да одат на пракса во општините во текот на летниот период

Tea Dimkovska

Дојчиновски: Младите се селат од Македонија затоа што власта им ја одзема перспективата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе