Македонија Најважни

Без зелено светло од Бугарија, нема реализација на договореното во Софија

Без зелено светло од Бугарија за старт на преговорите нема реализација на точките кои биле договорени на состонокот меѓу македонската и бугарската страна минатата недела, а за кои Софија веќе во два наврати од тогаш го повикува Скопје да почне да ги реализира, за што вчера испратила и писмо до шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

Токму пак инсистирањето на Бугарија на реализација на петте точките договорени во Софија на 17 јуни, за Османи е позитивен сигнал.

„Позитивна страна на писмото што го добив вчера е дека во писмото стои дека сите предлози се прифатливи, затоа што кога  барате Северна Македонија да ги реализира обврските тоа значи дека вие се согласувате дека е тоа решението. Индикација е писмото дека патоказот е дефиниран, ако јас така можам да го читам, се разбира бугарската страна ќе одговори на овој мој впечаток дека писмото го читам како дефинирање на содржината на патоказот“, изјави Османи.

Но негативно според Османи е што писмотот од Софија стигнало по одржувањето на Европскиот совет и бугарското повторено „не“ за земјава, односно, реализацијата на договореното е условено со давање зелено светло од Бугариија за старт на преговорите за Македонија.

„Мислам дека таков треба да биде пристапот. Да се договориме. Бугарија дава пас за почеток на преговори, ние сме го дефинирале патоказот, почнуваме да ги реализираме чекорите од патоказот, исто португалското решени се имплементира и имаме конечно решение со трите компоненти во тоа конечно решение“, рече османи.

На прашањето дали без зелено светло нема реализација на она што со писмото е прифатено како обврска, Османи одговори:

„Да, духот на договорот препознава заеднички обврски“.

Според Османи за целосен договор треба да има решенија од португалсиот предлог, дефиниран патоказ и зелено светло за преговорите, за што два од трите предуслови се изполнети.

„Уште зелено светло во септември и во септември ќе имаме конечен договор“, вели Османи.

На писмото од бугарското МНР денеска реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ  која според која Бугарската страна бара целосно идентитетско обезличување на македонската страна.

„Но воедно она што нас не загрижува и она што е многу по запрепастувачки е тоа што нема демант ниту од Заев ниту од останатите дека зборел на состаноци дека бугарскиот и македонскиот народ биле исти или со сличен јазик“, вели Арсовски во име на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи го повотрно премиерот Зоран Заев дека нема црвени линии кога станува збор за обезличување на македонскиот народ и на македонската држава, на став дека се уште не е до крај јасно што било разговарано во Софија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Правда сè уште чека официјално известување за уапсената кондовска група на Красниќи

Дејан Дејан

Тројца повредени, едно лице се бори за живот, преполовен Шевролет – страотна сообраќајка во Влае

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе