Македонија Најважни

Бугарското МНР соопшти дека со Заев и Османи било разговарано за откажување на Македонија од македонското малцинство во Бугарија

Бугарското министерство за надворешни работи во соопштение на својата веб страна објави детали од разговорите и обврските кои македонската страна ги презела за време на средбите на премиерот Зоран Заев со претседателот Румен Радев и премиерот Стефан Јанев на 17 јуни во Софија и министерот за надворешни Бујар Османи со Светлан Стоев.

Како што стои во соопштението од македонската страна била изразена подготвеност за исполнување на следните обврски:

  • Во најкраток рок Скопје во ООН ќе потврди, во согласност со член 11, став 5 од Договорот за добрососедство, дека краткото и долгото име на државата се однесуваат само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“, а не на целиот географски регион „Северна Македонија“, од кој дел се наоѓа во суверените граници на Бугарија. По испраќањето на оваа вербална нота Бугарија веднаш ќе престане со настојувањето да го користи замо долгото име „Република Северна Македонија“ во ЕУ и меѓународните организации.

 

  • Република Северна Македонија конечно ќе прекине со малцинските претензии кон Бугарија, потврдувајќи дека нема историски, етнички и други основи на територијата на Република Бугарија да бара малцински статус за која и да било група луѓе кои не се нејзини граѓани. Тоа ќе биде во согласност со клаузулата за немешање во внатрешните работи на Бугарија, вклучена во член 11, став 5 од договорот од 2017 година.

 

  • Република Северна Македонија ќе започне процес на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам, репресирани на нејзината територија поради нивното бугарско самоопределување. Овој историски гест од страна на Република Северна Македонија практично би го прикажал нашиот заеднички европски цивилизациски избор.

 

  • Република Северна Македонија со Бугарија да ги усогласи содржините во своите наставни програми со цел објективно прикажување на нашата заедничка историја, вклучена како централен елемент во Преамбулата и членот 8, став 3 од Договорот за добрососедство, исто така и исклучување на наставни содржини кои поттикнуваат омраза кон Бугарија.

 

  • Заедно со Бугарија идентификување и отстранување на табели и натписи на територијата на Република Северна Македонија, кои поттикнуваат омраза кон Бугарија и Бугарите.

Во продолжение на двостраниот дијалог, министерот за надворешни работи Светлан Стоев, денеска испрати писмо до својот колега Бујар Османи во кое изразува очекување на исполнување на преземените обврски од страна на Република Северна Македонија, како и подготвеноста на бугарската страна за пронаоѓање на трајни и одржливи решенија.

Софија настојува целосната имплементација на Договорот за добрососедство од 2017 година да биде вклучен како критериум во преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Правда сè уште чека официјално известување за уапсената кондовска група на Красниќи

Дејан Дејан

Тројца повредени, едно лице се бори за живот, преполовен Шевролет – страотна сообраќајка во Влае

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе