Вести Македонија

Нема договор за деблокада на законот за државјанство

Законот за државјанство ќе се носи по скратена постапка. Нема друг начин како да се одблокира неговото носење. Со поднесувањето со европско знаменце ќе се спречи амандманската блокада и маратонските говори од страна на Левица на Комисијата за одбрана и безбедност.

Нема да се одржи ниту јавна расправа на што инсистираше ВМРО ДПМНЕ.За Левица, со ваквиот потег Владата сака да прошверцува во Собранието исклучително штетен закон злоупотребувајќи го европското знаменце, што според нив претставува кривично дело и е спротивен на Европската Конвенција за државјанство.

Јасно е дека носењето на овој закон е договор меѓу СДСМ и партиите на албанското малцинство со цел да си обезбедат дополнителен број на гласачи, вршејќи насилна промена на демографската структура на населението во Македонија, велат до Левица. Алијанса на Албанците и Алтернатива апелира законот да не се политизира затоа што со него треба да се решат проблемите на една категорија на граѓани која има институционален проблем.

Тие предлагаат државјанство наместо со тројца сведоци да се стекне со приложување документ од листа од 16 за оние државјани на поранешна СФРЈ кои до независноста на македонија живееле на оваа територија.

Од документи може да се дадат извод од матична книга на родени, доказ од училиште, работничка книшка или докази за заснован работен однос, платен данок, пасош, лична карта од СФРЈ.Измените за законот за државјанство се блокирани речиси половина година.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе