Македонија

Прозивки до Богдановиќ од протестот: Не изманипулиравте дека дрворедот на „Орце Николов“ ќе биде заштитен

Граѓани и еко- активисти денеска протестираа против сечата на дрвја за потребите на реконструкцијата на улицата „ Орце Николов“, во центарот на Скопје. Со транспаренти и буќети цвеќе се собраа на раскрисницата меѓу „ Ленинова“ и „ Орце Николов“, каде во четвртокот беа исечени јаворите и со една минута молк им оддадоа почит. Револтирани сме, затоа што сме изманипулирани од градоначалникот на Центар, кој во мај вети дека дрворедот на улицата ќе биде заштитен и надграден, а беа исечени здрави, а не болни дрвја, рекоа учесниците на протестот.

Зошто градоначалникот на Центар вели дека ќе го зачува дрворедот , кога уште во месец април е поднесено барање до Град Скопје за сечење на 10 дрвја? Зошто вели дека во решението има само 13, кога решението е за 10 дрвја? Дали Град Скопје и „ Паркови и зеленило“, кога го направија увидот на лице место за состојбата на дрвјата го консултираа Зелениот катастар?, вели Мила Јовановска од „Go green- Skopje“.

 

Катастрофално е тоа што и се случи на улицата „ Орце Николов“.Градот Скопје има урбани топлински острови. Градот Скопје има низа стратегии за справување со климатската криза , но очигледно е дека надлежните не консултираат ни една од тие стратегии.Ни една од тие мерки не ги применуваат на терен и со тоа ни го загрозуваат животот и здравјето, смета Драгана Велковска- „Зелен хуман град“.

Недозволиво е да се сечат дрвјата во Скопје, кој е еден од најзагадените градови во светот, велат еко-активистите.

Надлежните работат некоординирано и затоа бараме одговорност и увид во анализата за состојбата во која биле дрвјата, порачаа од протестот и се упатија до раскрсницата меѓу улиците „ Орце Николов“ и „ Наум Наумовски –Борче“, со цел спасување на останатите дрвјата, при реконструкцијата на тој потег.

Градоначалникот на Центар , вели дека повеќе од две години проектот за реконструкција на „ Орце Николов“ , бил на јавен увид и дека анализата за состојбата на дрвјата ја направиле заедно со Град Скопје. Дрворедот ќе биде обновен со нови дрвја, а болните јавори морале да ги отстранат.

Отстранети се 8 дрвја кои или целосно беа уништени, односно исушени или делумно, а воедно утврдивме дека дека не може да се излечат. Граѓаните кои што живеат на улицата „ Орце Николов“, ни кажаа дека години на назад барале дел од тие дрвја да бидат отстранети бидејќи редовно, при големо невреме , ај да кажам силен ветер, им правеле штета на возилата кои што биле под нив, ни изјави градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ.

Од Град Скопје денеска решија да молчат. Само најавија дека неделава ќе ги разгледаат барањата на еко- активистите, граѓаните и на партијата ДОМ, која побара транспарентност на проектите за реконструкција на улиците, на решенијата за сечење на дрвјата и податоците од Зелениот катастар.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поскапува задолжителната осигурителна полиса – нови цени за регистрација на возила

Дејан Дејан

Рокот за приговори за постапката за гласање е до 19 часот, до полноќ за сумирање на резултатите

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе