Македонија Топ вести

Мерко најавува некаква акција во Струга, но не обелоденува за што се работи

Струшкиот градоначалникот Рамиз Мерко не открива дали ќе ги урива дивоградбите во Струга, но најавува дека следната недела нешто ќе се случува. „Дојдете во понделник, или вторник, ќе видите што ќе се случи во Струга, засега останува тајна. Нема да дозволам да бидам обвинет дека го загрозувам статусот на Охрид. Вака денеска одгoвори на прашањето на Телма дали ќе се справува со нелегалните градби кои УНЕСКО ги посочува како опасност за светското природно и културно наследство во Охридскo-струшкиот регион.

Додека во Охрид тече акцијата за уривање на платформите и другите објекти изградени во езерските води, во Струга нема никакви активности.

Во Струга според регистарот на дивоградби на Општината, вкупно се поднесени 10.700 барања за легалзиација. Повеќе од 4.000 се одбиени и тие објекти имаат статус на дивоградби, но ниту една нелегална градба досега не е срушена. Стружани не се согласуваат со уривање на диво изградените платформи и тераси долж крјабрежјето.

И градоначалникот Мерко во повеќе наврати тврдеше дека во Струга нема дивоградби, но, сега целосно ги прифаќа забелешките на ревизорите во ревизорскиот извештај за Струга, објавен неодамна. И во него се посочуваат низа слабости на Општината при спроведување на Законот за бесправно градените објекти и непостапување за отсранување на дивоградбите. Но, Мерко им одговорил на ревизорите дека сите препораки доследно ќе бидат применети. Вчера и премиерот Заев го повика струшкиот градоначалник да преземе конкретни чекори за справување со дивоградбите, по примерот на општина Охрид.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паметни камери во справување со пожари

Дејан Дејан

Партиите повторно не успеаја да се договорот за Изборниот законик

Дејан Дејан

При претрес на стан во Скопје пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, ЛСД и други видови дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе