Свет

Лукашенко пред Путин го обвини Западот дека сака да ја дестабилизира Белорусија

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска пред разговорите со рускиот претседател, Владимир Путин, во Сочи, го обвини Западот дека сака да ја дестабилизира негобата земја, кон која ЕУ вчера воведе санкции поради пренасочувањето на авионот на „Рајанер“ и апсењето на опозицискиот новинар и блогер, Роман Проташевич, кој бил на летот од Атина за Вилнус, а присилно слета во Минск.

Во тек е обид за дестабилизирање на ситуацијата, се да биде како што беше во август 2020 година, рече Лукашенко на почетокот на средбата со Путин, осврнувајќи се на големите демонстрации минатата година по претседателските избори, кои опозицијата ги смета за наместени.

Путин денеска го прими Лукашенко за да разговараат за поблиските економски односи меѓу двете земји во време кога односите меѓу Белорусија, ЕУ и САД се затегнуваат откако авионот беше пренасочен кон Минск и апсењето на белорускиот опозиционер. Москва во последните денови даде повеќе знаци на поддршка за својот белоруски сојузник, кого Европа го обвини за присилното слетување на авионот на „Рајанер“, поради наводна закана со бомба за да го уапси опозицискиот новинар.

Путин денеска ги пофали „конкретните резултати“ од приближувањето со Белорусија, кога го прими Лукашенко.

Во тек е изградба на зајакната унија меѓу Русија и Белорусија. Ние правиме солиден напредок во таа насока … таа работа веќе дава конкретни резултати за нашите граѓани, рече Путин.

Целта на состанокот на двајцата официјални претставници е да се разговара за „зајакнување“ на економската интеграција на двете земји и начинот на реакција на „надворешните притисоци“, се наведува во соопштението на белоруското претседателство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еднонеделни погребни церемонии за Хаменеи – милиони луѓе ќе се простат од врховниот лидер

Дејан Дејан

Сè помала надеж за преживеани во Венецуела

Tea Dimkovska

Украинка маскирана во маж, главна осомничена за бомбашкиот напад во Монако

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе