Ковид19 Топ вести

Отворен вакцинален пункт и во Прилеп на кој дневно по 1000 луѓе ќе се имунизираат

Жителите на Прилеп и соседните општини  веќе нема да патуваат во Битола или  Кавадраци за вакцинација против КОВИД-19.

Вакцинален пункт за масовна имунизација  отворен е во спортската сала на прилепското медицинско училиште, каде дневно ќе можат да се имунизираат по 1000 граѓани.

Сепак, оние кои ја примиле првата доза  во Регионалните центри во соседните градови, ќе мора да се ревакцинираат таму.

-Граѓаните кои се вакцинираа во Битола и Кавадрци, потребно е и за втората доза таму да се обратат. Овде ќе се ревакцинираат само оние граѓани кои пред 3 недели беа вакцинирани со вакцината Синофарм на вакциналниот пункт во Прилеп, околу 300 лица.  Останатите  треба да се упатуваат во оние пунктови каде ја добиле првта доза на вакцина, вели Кети Смилеска, директор на Општа болница Прилеп.

Епидемилиошката сосотојба во Прилеп, град кој беше најголемото жариште на вирусот во пролетниот бран , сега е стабилна.

Во редовна  работа се враќа прилепската болница, каде се хоспитлаизирани десетина пациенти со потешка клиника слика.

-Планот е Модуларната болница за брзо време да се стави  во мирување и сите пациенти во иднина, доколку ги има, ќе бидат хоспитлаизирани на Инфективното. Одделнијата почнуваат со подготовка  за редовната програма, пред се одделението за хирургија, значи се враќаат во нормално функционирање, вели Смилевска.

Минатата недела во Прилеп се регистрирани 18 нови случаи на КОВИД 19, а како последица од компликации од вирусот  починале 8 лица.

Од почетокот на пандимија вкупниот број на заразени е  8200  и 422 починати прилепчани.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рама не се повлекува од проектот со Кушнер за луксузен туризам во јужна Албанија

Дејан Дејан

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Дејан Дејан

Размена на обвинувања меѓу Груевска-Маџоска и министерот Љутков по нејзината оставка – Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе