Вести Македонија

Мерит-системот станува примарен, а етничката припадност „секундарна“, смета Арта Биљали Зендели од ДУИ

Во последното издание на емисијата „Топ Тема“, поранешната пратеничка од редовите на ДУИ, Арта Биљали Зендели и владиниот претставник Дритон, ги соочија ставовите за новиот предлог-закон за правична застапеност. Централниот спор се водеше околу тоа дали мерит-системот  (компетентноста) целосно ќе ја потисне адекватната етничка застапеност во државната администрација.

Поранешната пратеничка Биљали Зендели упати остри критики до новиот законски текст, тврдејќи дека тој суштински го менува балансот воспоставен со Рамковниот договор. Според неа, етничката припадност во новиот закон е деградирана на ниво на факултативен, секундарен критериум.

  • „Квалификациите, искуството и компетентноста сочинуваат примарен критериум, додека припадноста кон заедница којашто е помалку застапена може – алтернативен глагол „може“ – да се земе предвид само како секундарен критериум,“ истакна Биљали Зендели, повикувајќи се на член 8 од законот.

Таа додаде дека овој закон не треба да го носи епитетот „адекватна застапеност“ бидејќи во него „нема ни ’А’ од адекватност“. Според неа, законот е недоречен, не содржи поимник ниту санкции за институциите што нема да го почитуваат.

Биљали Зендели потсети на периодот пред 2002 година, кога Албанците во државните институции беа застапени со само 2%. Таа го бранеше механизмот „балансер“, нагласувајќи дека токму преку тие програми се стигнало до денешните 22%.

  • „Дали имаме некоја разлика во услугите од јавната администрација пред 2002 и после 2002? Во тие институции не се вработени ветеринари на места за доктори, туку секогаш се земала предвид стручноста,“ рече таа, отфрлајќи ги тезите дека етничкото вработување ја руши професионалноста.

Од друга страна, владиниот претставник Дритон го бранеше новиот концепт, нагласувајќи дека меритократијата и етничката припадност не се исклучуваат меѓусебно. Тој ја обвини опозицијата дека преку својот наратив ги потценува капацитетите на албанскиот кадар.

  • „Опозицијата искажува еден многу лош наратив којшто ги осликува Албанците како неспособни. Јас не се согласувам со тоа воопшто. Албанците имаат три државни универзитети и кадри по сите професии кои можат без проблем да се натпреваруваат со било која друга етничка заедница,“ рече Дритон.

Тој е дециден дека законот ги уредува двете компоненти – и меритократијата и правичната застапеност, со цел да се обезбеди квалитетна услуга за граѓаните.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Дејан Дејан

Трамп го обвини Иран дека соборил американски хеликоптер Апачи, ветувајќи одговор

Дејан Дејан

Размена на обвинувања меѓу Груевска-Маџоска и министерот Љутков по нејзината оставка – Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе