Вести Економија Топ вести

Помина една година, а конфекциите Фермактекст и Европа Фешн не им исплаќаат платите и придонесите на работниците- пријавено е и во МВР

Над 100 текстилни работнички и работници од штипските конфекции Фермактекст и Европа Фешн веќе една година си ги чекаат трите неисплатени плати, придонеси, К-15 и отпремина. Се сообраа за да македонските институции реагираат и ги заштитат.

Поднесени се пријави, документи, претставки до Државниот трудов инспекторат, Управата за јавни приходи, Финансиската полиција, како и Одделот за економски криминал при МВР.

Некои од работниците за овие две компании кои се германски капитал, а управителите од Бугарија на машините шиеле 17 години.

  • И така не оставија на милост и немилост, без пари, здравство неплатено, не те прашуваат дали имаш или немаш. Јас се вртам накај Бугарката и она ми вика ќе се снајдете. Е па како да се снајдеме? Викам: „Ама јас ќе ти ги земам сите пари, па ти се снајди.“ И она трае и ме гледа. Како можеш да се снајдеш кога ти немаш ништо четири месеци без пари? А како да се снајдеш? Прво и прво до здравство не можеш да дојдеш, а сите сме под лекарства – Светлана Петкова текстилна работничка.
  • Очекуваме дека барем основата што треба државата да ја преземе за нас, како што е заштита на нашите права, плаќање на придонесите, да не останеме само како бројка што биле напуштени без никаков приход- Анета Јованова текстилна работничка.

На овие две штипски конфекции долгот кон работниците надминува 13 милиони денари. Од Здружението „Гласен Текстилец“ кои се една година со овие работнички велат дека известени се и германските институции за овој случај.

  • Во исто време случајот е веќе предмет на постапка пред германскиот Национален контакт пункт за ОЕЦД насоки. Германските институции веќе преземаат чекори, бараат информации од сопствениците, односно германскиот холдинг, Feldkoess Holding GmbH, и одговорните лица, односно управителите на двата правни субјекти, Фермак Текс и Европа Фешн, коишто управители се од Република Бугарија. И исто така тие ги информираа и германските амбасади во Скопје и Софија, па и еве се прашувам зошто германските институции повеќе се залагаат за правата на работниците во Македонија отколку самите македонски институции коишто се платени од нас – Кристина Ампева „Гласен Текстилец“.

Над 100 штипски текстилни работнички и работнички кои тешко си ги имаат заработено плати, а не им се исплатени побараа од македонските институциите одговорност и да постапат штитејќи ги нивните права и државниот буџет.

Викторија Јованова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сулејмани во Топ Тема со контра-аргументи за меритократијата и етничката припадност во администрацијата

Дејан Дејан

Трамп го обвини Иран дека соборил американски хеликоптер Апачи, ветувајќи одговор

Дејан Дејан

Размена на обвинувања меѓу Груевска-Маџоска и министерот Љутков по нејзината оставка – Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе