Вести Култура Македонија

Цветковски има сериозно искуство, го познавам долги години- Ѓорѓиевски објaснува зошто поранешниот директор на МРТВ е избран за раководи со Фондацијата „Скопје 2028“

Марјан Цветковски го познавам долги години и тој има сериозно искуство, очекувам одлични резултати со кои сите ќе се гордееме – одговори градоначаланикот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на советничко прашање  зошто довчерашниот директор на МРТ да биде именуван за директор на Фондацијата „Скопје европска престолнина на културата 2028“. Цветковски беше директор на МРТ 15 години. Веднаш по завршување на мандатот е поставен за  директор на Фондацијата „Скопје европска престолнина на културата“.

Ѓорѓиевски е убеден дека Цветковски ќе испорача одлични резултати. Според него, членовите на Управниот одбор кој досега раководеа со манифестацијата  не се сменети.

„Обично секој што доаѓа прави измени јас сакав да оставам впечаток дека дека не почнува и не зваршува се со мене. Сепак има членови со долгогодишни искуства секој во својата област во својата фела особено во културата. Мислам дека зедно со Цветковски кој има сериозни искуство ќе дадат одлични резултати со кои сите ќе се гордеееме“, рече Ѓорѓиевски.

Фондацијата „Скопје 2028“ ја формираше Град Скопје со цел да обезбеди успешна, европски кредибилна и одржлива реализација на Европската Престолнина на Културата Скопје 2028 со долгорочни позитивни, културни, социјални, еколошки и економски ефекти за Градот и државата .

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Апелација го забрани штрајкот на контролорите на летање

Дејан Дејан

Не е кривично дело, да се помага – рече на судењето Миле Столевски кој полагаше за безбедносен сертификат наместо екс директорката на ДКСК

Дејан Дејан

Бронза за Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ на Универзијадата во Бразилија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе