Вести Економија Топ вести

Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами да го изградиме- нов обид за Чебрен

По безброј најави, тендери, преговори, пропаднати обиди –  Чебрен повторно во фокусот. Хидроцентралата која со децении се гради на хартија и за која никако да се видат активности на терен,  добива уште едно ново поглавје. Овој пат Владата била  пред конечна одлука – проектот да го гради државата, без да се бара инвеститор.  Цената на оптимизмот е околу 1, 5 милијарди евра со камати –  пари кои би се барале од меѓународните финансиски институции.

Доколку успееме да формираме синдикат на меѓународни финансиски институции, а разговорите се во таа насока, тогаш реално е да се очекува следната година да ставиме камен темелник на овој би рекол. Треба да се обидеме, вака народски кажано да стиснеме заби и да го изградиме сами, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Но, ова го отвара прашањето што би значел евентуално нов заем од над 1 милијарда евра за домашниот јавен долг кои годинава се очекува ќе ја помине црвената линија и да биде над 60 отсто од БДП.

Домашните експерти пак сугерираат ако успее владиниот план, главниот изведувач на работите да не биде странска, туку домашна градежна фирма.

Она ќе го гради, она ќе одговара за финансиските услови. Она ќе биде носител на гаранцијата, а дали она ќе ангажира подизведувачи Да. Ако идната година камен темелник ако решат уште овој момент они сите можат да направат подготовка. Да им кажат на фирмите да не преземаат други обврски бидејќи овде имаат обврски, изјави за Телма Константин Димитров од МААЦЕФ

За време на последниот неуспешен обид за Чебрен, од ВМРО – ДПМНЕ како опозиција  се противеа странци да бидат дел од проектот. Но, со доаѓањето на власт, Чебрен се најде во разговорите при посетата на Обединетите Арапски Емирати, а беше презентиран и пред инвеститорите во Давос.

Досега за Чебрен имаше 14 тендери. На последниот во 2023 беше избрана грчката фирма Архиродон со кој на крајот на се потпиша договорот.

И покрај тоа што низ годините имаше доста заинтересирани странски компании за централата, се нижеа само пропаднати повици. Инаку, Чебрен е прокет во речиси сите владини програми.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за 36-годишник кој се сомничи дека во повеќе наврати извршил силување на 12-годишно дете

Tea Dimkovska

Швајцарците на референдум ќе одлучуваат дали населението треба да се ограничи на 10 милиони жители

Tea Dimkovska

Украдена биста од гробно место на градските гробишта Бутел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе