Вести Свет

Секс скандал го тресе судот во Хаг, суспендиран главниот обвинител

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан е суспендиран од својата функција откако дисциплинската постапка за обвинувања за сексуална злоупотреба влезе во последна фаза, а неговата судбина сега ќе ја одлучат земјите-членки на судот.

Одлуката ја донесе извршниот комитет на управното тело на МКС, кој гласаше за упатување на случајот против Кан на посебна седница на 125-те земји-членки.

Kомитет составен од претставници на 21 земја-членка со квалификувано мнозинство одлучи дека Кан направил сериозно кршење на прописите во врска со обвинувањата за сексуална злоупотреба.

Во соопштението на управното тело на МКС, беше нагласено дека суспензијата „не е показател за конечниот исход од постапката.

Аферата избувна во 2024 година кога службено лице на МКС го пријави Кан за наводно сексуално вознемирување и злоупотреба. Според нејзините тврдења, помеѓу 2023 и 2024 година таа била подложена на принудно, неконсензуално сексуално однесување во текот на подолг временски период.

Наводните инциденти, како што е наведено, се случиле за време на службени патувања, во хотелски соби, во канцеларијата на Кан во Хаг, но и во неговиот дом.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рама контра „Револуцијата Фламинго“: Проектот во Зврнец ќе се гради и ќе ги воодушеви луѓето

Kristina Kuzmanovski

Владата размислува сама да ги гради Чебрен и Галиште

Kristina Kuzmanovski

Американски воен хеликоптер се урна во Ормутскиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе