Македонија Топ вести

Над 17 000 луѓе вакцинирани во битолскиот регионален центар – интересот се зголемува

Над 17 илјади граѓани од општините Битола, Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Демир Хисар се вакцинирани во битолскиот Регионален центар од почетокот на масовната имунизација. Од Здравствениот дом во Битола, велат дека интересот секојдневно се зголемува,  а старосната граница се спушта, но  паралелно се одвива и вакцинацијата и ревакцинацијата на повозрасната популација.

-Поради пропуштање на некои возрасни групи, не се пријавиле, не биле во можност да се вакцинаираат, тое се одвива на етапи. Некогаш сме стигнале и до 50 или 45 годишна возраст. Но не се изоствауваат најкритичните, најранливата кетогрија, над 60, 70, 80 години, вели Весна Спирковска, директор на Здравствен дом-Битола.

Покрај вакцинацијата во Регионалниот центар  во спортската сала на медицинското училите, мобилни медицински тимови ги вакцинираат неподвижните граѓани во нивните домови.

-Денес после пладне имаме повторно вакцинација и ревакцинација на луѓе кои се неподвижни, имаме возило со екипа на Итната медициснка помош, па нашите екипите со наше возило  се транспортираат  да ги вакцинираат во нивните домови, вели Спироковска.

Вчера во Битола пристигна нова пратка од 7000 вакцини од кинески Синофарм, со што од Здравствен дом велат дека процесот на имунизација продолжува непречено.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За малолетничките кои тепаа и се изживуваа врз девојче во Аеродром и за нивните родители ќе има кривични пријави за насилство и запуштање на дете

Sonja Petrusevska

„Еуроњуз“: ЕУ ќе ги пренамени средствата за земјите од Западен Балкан со најмногу реформи-меѓу нив е и Македонија

Kristina Kuzmanovski

Апасиев кон Мицкоски: На лидерската средба се разговараше за една изборна единица, а не за електронско гласање на дијаспората

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе