Расте интересот за вакцинација. До сега 395.776 граѓани.се пријавиле преку веб платформата vakcinacija. мк.
На вакционалниот пункт во поликлиниката Букурешт граѓаните над 60 години чекаа да го слушнат своето име и да ја примат вакцината. Не ја криеја својата радост и надеж дека на овој начин ќе го заштитат и сопственото здравје и на своите најблиски.
“Да се вакцинирав, прва вакцина. Два пати бев закажана, но ми пропадна бидејќи примав антибиотици. Бев во четвртокот, но беше огромна гужва, не успеав. Денес е одлично. – Со која вакцина се вакциниравте? -Со Астра Зенека. Сега е прва, па на 14 август втората” – изјави за Телма една вакцинирана граѓанка.
“Денес е со Астра Зенека, сеедно е со која важно е да се заштитиш. Некои луѓе гледам ескивираат.Пожелно е сите да се вакцинираат, затоа што од она што до сега видовме дека повеќе од 5000 луѓе во Македонија го загубија животот и треба луѓето да бидат свесни дека треба да се вакцинираат”.
“Треба секој да се вакцинира, затоа што 80% си безбеден ако си вакциниран, ако не си знаеш 80% минус. Се вакцинирав и втор пат”.
“Денеска на овој пункт вакцинираме со Астра Зенека. И како тече процесот? Нормално си доаѓаат луѓето на закажан термин ја примаат вакцината без некои поголеми проблеми” – потврди д-р Даниела Николовска -Христова.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 216.453 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.974 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.221 граѓани.
“Процесот на вакцинација, а веќе тече и процесот на ревакцина се одвива со сите достапни вакцини кои во моментов ги имаме, а тоа се Фајзер, Синофарм и вакцината на Астра Зенека и Спутник. Во однос на динамиката термините за вакцинација низ градовите се отвораат првенствено врз база на изразениот интерес на таа територија и секако достапноста на количните на вакцини во тој момент. Она што го имаме како податок е дека во просек на дневна основа се вршат апликации на повеќе од 10.000 дози” – вели проф д-р Александра Грозданова.
Во државата вкупно се аплицирани 255.259 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани. Со последните бројки 45,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 38,8 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Нина Стефанова
