Ковид19 Најважни

Расте интересот за вакцинација – пријавени над 390 000 граѓани

Расте интересот за вакцинација. До сега 395.776 граѓани.се пријавиле  преку веб платформата vakcinacija. мк.

На вакционалниот пункт во поликлиниката Букурешт граѓаните над 60 години чекаа да го слушнат своето име и да ја примат  вакцината. Не ја криеја својата радост и надеж дека на овој начин ќе го заштитат и сопственото здравје и на своите најблиски.

“Да се вакцинирав, прва вакцина. Два пати бев закажана, но ми пропадна бидејќи примав антибиотици. Бев во четвртокот, но беше огромна гужва, не успеав. Денес е одлично. – Со која вакцина се вакциниравте? -Со Астра Зенека. Сега е прва, па на 14 август втората” – изјави за Телма една вакцинирана граѓанка.

“Денес е со Астра Зенека, сеедно е со која важно е да се заштитиш. Некои луѓе гледам ескивираат.Пожелно е сите да се вакцинираат, затоа што од она што до сега видовме дека повеќе од 5000 луѓе во Македонија го загубија животот и треба луѓето да бидат свесни дека треба да се вакцинираат”.

“Треба секој да се вакцинира, затоа што 80% си безбеден ако си вакциниран, ако не си знаеш 80% минус. Се вакцинирав и втор пат”.

“Денеска на овој пункт вакцинираме со Астра Зенека. И како тече процесот? Нормално си доаѓаат луѓето на закажан термин ја примаат вакцината без некои поголеми проблеми” – потврди д-р Даниела Николовска -Христова.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 216.453 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.974 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.221 граѓани.

“Процесот на вакцинација, а веќе тече и процесот на ревакцина се одвива со сите достапни вакцини кои во моментов ги имаме, а тоа се Фајзер, Синофарм и вакцината на Астра Зенека и Спутник. Во однос на динамиката термините за вакцинација  низ градовите се отвораат првенствено врз база на изразениот интерес на таа територија и секако достапноста на количните на вакцини во тој момент. Она што го имаме како податок е дека во просек на дневна основа се вршат апликации на повеќе од 10.000 дози” – вели проф д-р Александра Грозданова.

Во државата вкупно се аплицирани 255.259 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани. Со последните бројки 45,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 38,8 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нека се живи и здрави, не им се лутам“- Стевче Јакимоски за судиите кои му потврдија 1 година затвор, а тој смета дека власта сака да спречи да се кандидира за градоначалник

Дејан Дејан

Две децении најави за нов Клинички – во ветувањата се менува само локацијата

Tea Dimkovska

Судијата Ристов го користел просторот во куќата во Неготино каде беа пронајдени 350 илјади евра

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе