Трети ден е отворен вакционалниот пункт на граничниот премин Делчево-Станке Лисичков.
Утринава на овој премин според проценките на оние кои се вакцинираа влегле над стотина македонски граѓани. Доминира пред се младата популација, над 20 години, а пристигнуваат од сите страни на земјава.
Целта им е да ја примаат вакцината на „Фајзер“, со којашто ќе можат да патуваат и работат во европските земји.
67 годишниот Слободан Пецов од делчевското село Ѕвегор, кое се наоѓа на само неколку километри од граничниот премин го затекнавме во меѓуграничниот простор вели дека добар е добрососедскиот гест од бугарска страна и граѓаните кои живеат во пограничните општини да се имунизираат. Трошоци ќе немаат за да патуваат до вакционалниот пункт во Штип.
Екипата на Телма го виде вакциналниот пункт на бугарскиот граничен премин Станке Лисичков, каде што граѓаните чекаат бугарските здравствени работници да ги вакцинираат.
Во Општина Делчево голем е интересот за вакцинирање против Ковид 19. На пунктот во Здравствениот дом досега се имунизирале над 630 граѓани, а отварањето на вакционалниот пункт за македонските граѓани на преминот ќе го растерети притисокот од пациенти.
Бугарија отвори два вакцинални пункта едниот е Делчево-Станке Лисичков, а вториот е струмичко Ново Село-Златарево, граѓаните кои влегуваат не треба да покажуваат негативен резултат од Писер тест.
ВИКТОРИЈА ДИМИТРОВА ЈОВАНОВА
