Ковид19 Најважни

Трет ден вакцинирање на граничниот премин Делчево – Станке Лисичков

Трети ден е отворен вакционалниот пункт на граничниот премин Делчево-Станке Лисичков.

Утринава на овој премин според проценките на оние кои се вакцинираа влегле над стотина македонски граѓани. Доминира пред се младата популација, над 20 години, а пристигнуваат  од сите страни на земјава.

Целта им е да ја примаат вакцината на „Фајзер“, со којашто ќе можат да патуваат и работат во европските земји.

67 годишниот Слободан Пецов од делчевското село Ѕвегор, кое се наоѓа на само неколку километри од граничниот премин го затекнавме во меѓуграничниот простор вели дека добар е добрососедскиот гест од бугарска страна и граѓаните кои живеат во пограничните општини да се имунизираат. Трошоци ќе немаат за да патуваат до вакционалниот пункт во Штип.

Екипата на Телма го виде вакциналниот пункт на бугарскиот граничен премин Станке Лисичков, каде што граѓаните чекаат бугарските здравствени работници да ги вакцинираат.

Во Општина Делчево голем е интересот за вакцинирање против Ковид 19. На пунктот во Здравствениот дом досега се имунизирале над 630 граѓани, а отварањето на вакционалниот пункт за македонските граѓани на преминот ќе го растерети притисокот од пациенти.

Бугарија отвори два вакцинални пункта едниот е Делчево-Станке Лисичков, а вториот е струмичко Ново Село-Златарево, граѓаните кои влегуваат не треба да покажуваат негативен резултат од Писер тест.

ВИКТОРИЈА ДИМИТРОВА ЈОВАНОВА

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нека се живи и здрави, не им се лутам“- Стевче Јакимоски за судиите кои му потврдија 1 година затвор, а тој смета дека власта сака да спречи да се кандидира за градоначалник

Дејан Дејан

Две децении најави за нов Клинички – во ветувањата се менува само локацијата

Tea Dimkovska

Судијата Ристов го користел просторот во куќата во Неготино каде беа пронајдени 350 илјади евра

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе