Најважни Свет

Бројот на жртви во израелско-палестинскиот конфликт расте

42 лица ги загубија животите во воздушните напади во Газа, во конфликтот меѓу Израел и Хамас кој влезе во седмиот ден. Според министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, меѓу загинатите има 16 жени и 10 деца. Со тоа бројот на жртви во Газа се искачи на 188 лица, од кои 55 се деца и 33 жени. Повредени се 1.230 лица. загинаа утрово во израелски воздушен напад. 10 лица, меѓу кои и две деца, го загубија животот на израелската страна.

Во текот на ноќта израелското воздухопловство изврши серија бомбардирања како одговор на 200-те ракети кои милитантите на Хамас ги испалија кон Израел. Во израелските воздушни напади беа уништени домовите на лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар и неговиот брат Мухамед, кои според Тел Авив служеле како воена инфраструктура на Хамас. Се уште нема информации за судбината на двајцата браќа. Во бомбардирањето, според локалните медиуми биле уништени повеќе згради, а потрагата по преживеани се уште трае.

Бројот на луѓе под урнатините се уште не ни е познат. Како што ни кажаа семејствата и соседите, станува збор за голем број и продолжуваме да работиме овде, вели Ала Нејази, член на единицата за спасување.

Меѓународната заедница со денови бара деескалација, но размената на оган станува се пожестока. Доцна синоќа американскиот претседател Џо Бајден, кој последните неколку денови повеќе пати беше прозван да интервенира, телефонски разговарал со израелскиот премиер Нетанјаху и палестинскиот лидер Махмуд Абас. Бајден изразил голема загриженост поради ексалацијата на насилството, но во исто време го потврдил правото на Израел да се брани од нападите на Хамас и го предупредил палестинскиот претседател Махмуд Абас дека ракетните напади против Израел мора да престанат. Нејасно е како Абас и неговиот Фатах, кои одвај се одржуваат на власт во Западниот Брег, можат да извршат некаков притисок врз Хамас, кој со години веќе цврсто ја држи власта во Газа. Но САД немаат никакви директни контакти со Хамас, кој го сметаат за терористичка организација

Нетанјаху изјави дека ниту една земја на светов не толерира напади врз своите граѓани, и порача дека Израел ќе продолжи да користи сила во одбрана на своите граѓани, се додека не бидат вратени мирот и сигурноста.

Сакам да го потсетам светот дека гаѓајќи ги нашите градови, Хамас врши две воени злосторства. Мета им се нашите цивили а се затскриваат зад палестинските цивили, користејќи ги како човечки штит. Како и секогаш, Израел прави се што може за да ги заштити нашите цивили и да не ги става палестинските цивили во опасност, изјави Нетанјаху.

Насилството не е ограничено само на Појасот Газа. Палестинците на Западниот Брег ги продолжуваат протестите и судирите со израелската полиција. Во градот Лод, по неколку дневни судири со палестинските демонстранти полицијата успеа да ја врати ситуацијат апод целосна контрола. Насилството продолжува и во Источен Ерусалим, од каде започна последната ексалација. Во напад со автомобил, кој влетал во толпа пешаци, денеска полесно беа повредени шест лица.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте

Дејан Дејан

Индија ги повлече своите војници од Малдивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе