Македонија Топ вести

Aпелација расправа по жалбите на Боки-13 и Катица Јанева

Јавна седница за случајот Рекет во апелациониот суд е во тек. Се расправа за жалбите на досудените казни на осудениот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која од здравствени причини не се појави во судницата.

Одбраната на Јовановски, бара ослободителна пресуда или ново судење.

Според адвокатот Дуковски пресудата се базира само врз сведочење на Камчеви, Орце и Ана и на доказите кои тие ги дале односно снимките. А токму тие имаа интерес Боки 13 да е осуден заедно со Катица Јанева. А на снимкоте ништо не се гледа, пари раце и торба која ако се види добро како да е празна, вели Дуковски. Додава дека трипати барале, но не добиле вештачење на телефоните. Не се знае ниту каде се парите, а Камчев бил претсатвен само како сведок кој е оштетен, објаснува одбраната на Јовановски. За случајот „Рекет“ Јанева доби седум, а Јовановски девет години затвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Апасиев кон Мицкоски: На лидерската средба се разговараше за една изборна единица, а не за електронско гласање на дијаспората

Kristina Kuzmanovski

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател, СДСМ се зајакнува

Дејан Дејан

ЦГК: Избледени и необлежани пешачки премини ризик за безбедноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе