Вакцини има но дали има заинтересирани за вакцинација? Некои сакаат да се имунизираат а не се на ред оние кои се на ред не доаѓаат во целост. Како да се убеди населението дека вакцинацијата е единствениот излез? Треба ли да се трошат пари за лабoраториски тестови пред и по вакцина? Што со хронично болните и оние кои се под терапија-како да постапат пред да се имунизираат?
На овие и други прашања во Топ Тема со Снежана Лупевска Созен одговараат др Мери Киријас од Институтот за Имунологија и професор др Катерина Ставриќ клинички имунолог педијатар.
