Вести Македонија Најважни

До 12 часот во салата „Борис Трајковски“ вакцинирани 2.000 луѓе

Започнa масовната имунизација против ковид. На вакциналните пунктови во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола. предвидено е да се вакцинираат меѓу 10 до 15 илјади граѓани на ден.  Здравствените власти очекуваат до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба.

Во скопската спортска сала Борис Трајковски се врши вакцинација на тестаторите за матурски испит, околу 2.000 лица од цела држава. Исто така во вакциналниот центар денеска се врши и ревакцинација на здравствените работници од целата дежава. Тестаторите се вакцинираат со кинеска “синофарм” , а ревакцинацијата е со “Спутник”.

На влезот пред вакциналниот центар има мала гужва која се создаде бидејќи голем број на тестатори истовремено дојдоа во Скопје и се појавија пред салата иако терминот за вакцинација им беше закажан за подоцна во денот.

Според последните информации во салата „Борис Трајковски“ имунизирани биле 2.040 луѓе, а првичниот план бил до 14 часот да се вакцинирани 1.800-тини луѓе.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Руте: Новите напади на САД врз Иран беа апсолутно неопходни

Sasko Dimovski

Сиљановска од Анкара: Со политичка мудрост можеме да креираме решенија во служба на мирот и безбедноста

Tea Dimkovska

Иран нападна база на САД во Бахреин, како одговор на американските удари – опасна ескалација на Блискиот Исток

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе