Вести Македонија Топ вести

Втор пат во услови на ковид – пандемија, православните христијани го празнуваат Велигден

Христос Воскресе !

Навистина Воскресе!

Христос Воскресе!

Навистина Воскресе!

Христос Воскресе!

Навистина Воскресе!)

 

Со овој радосен поздрав православните верници три дена го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение.  Во Велигденското послание поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан и членовите на Светиот Архиеријски Синод повикаа на придржување кон мерките на надлежните институции во борбата со пандемијата , во исто време да се задржи верата и одговорно да се однесуваме.

Затоа татковски повикувавме и повикуваме на трпеливо прифаќање и спроведување на мерките пропишани од одговорните, и од Црквата и од световната власт, па времето што ни е допуштено да го искористиме за духовно единство во предложеното послушание. Беше и сè уште е потребно, низ разните лишувања кои ни се благословуваат, да се оддадеме на заедничка молитва за целиот свет: и за тие што боледуваат, и за тие што се трудат околу нив, како и за душите на оние коишто починаа од последиците на болеста, вели отец Сашко Николовски. 

 

Граѓаните се единствени во желбите што поскоро  да се стави крај на пандемијата со Ковид 19 и во здравје и добро расположение семејствата и пријателите да се собираат за убави поводи.

Сите желби да се исполнат. Да помине болеста, да не се повторува повеќе, да се дружиме со народ, фамилија. Да одиме и да доаѓаме.

Сепак свештените лица и покрај тоа што за цело време апелираа до верниците да ја одржуваат дистанцата во Соборниот храм му останаа доследни на литургиското искуство причествување со еден Путир и со едно лажиче..

Не се плашам, Господ е голем. Денес е таков денот и никој не се разболел на Велигден што се причествувале со исто лажиче. Тоа е заштитено од Бога.

 

Да ви кажам за верниците ова е определба. Секој сам за себе си одговара. Јас исто се имам причестено, сега во четвртокот. И не стравувате ? Не. За секој лек треба да верува човек, јас велам и да ми дадат плацебо, ако мислите дека е лекот ќе ви помине. Многу  има врска и мозокот.  А инаку сум медицинско лице. Се најубаво.

 

 

Се причествуваме со телото и крвта Христови. Начинот е тој и опстојува веќе 12 века. Мислам дека сите помесни православни цркви, како и Светиот Синод на Македонската православна црква, Охридска архиепископија остана на ставот за начинот на причествување да биде тој, вели отец Горан Стојчевски. 

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје бројот на верници беше редуциран со почитување на здравствените протоколи.

Нина Стефанова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

16 луѓе загинаа, а 36 се повредени во рускиот напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Обид за компјутерска измама со податоци на владата- Нема таква мерка од 100 евра, граѓаните да внимаваат

Дејан Дејан

Ајатолахот Хамнеи го назначи првиот потпретседател Мокбер за вршител на должноста претседател на Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе