Ковид19

Прилепските власти бараат подолг полициски час во градот заради драматичната состојба со пандемијата

Поради крајно алармантната и драматична  епидемилошка состојба во Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски, на неговата прва прес конференција по опоравувањето од КОВИД-19,  рече дека ќе бара подолг полициски час за градот.

Нема да предолжи карантин,  затоа што смета дека оваа мерка ќе придонесе за намалување на бројките на заболни, а најави и засилени контроли од полицијата и инспекторите.

-Општинскиот кризен штаб бара од главниот кризен штаб од Владата  и Комисјата за заразни болести,  заострување на мерките кои се однесуваат на целата територија на Општина Прилеп. Полицискиот час кој сега започнува во 22 часот, да започнува во 19 часот и да трае до 5 часот во наредните три недели, рече Илија Јованоски, градоначлник на Прилеп.

Тој рече дека голем број од граѓаните не ги почитуваат мерките, поради што бројките загрижувачки растатат,  британскиот сој на вируст  неконтролирано се шири, а меѓу новозаболените се поголем е бројот на млади луѓе.

-Како дополнителни причини поради кои заразата во Прилеп добива драмтични размери се и куќните дружби на граѓаните во поголем број, кои што тешко се контролираат. За жал има и граѓани кои со потврден позитивен тест се шетаат низ градот,  вели Илија Јованоски градоначалник на Прилеп.

За само една недела има 379 новозаболени, за разлика од претходните седум дена кога имаше 312 заболени, а високи 60 проценти од тестираните во прилеп  се позитивни на вирусот

-Од 20 до 25 проценти е зголемен бројот на новозаболени, за една недела има 14 починати, а има 804 активни слуачи. Ако се има предвид дека британскиот сој во Прилеп е стопреценто доминантен, значи дека и во нардниот период очекуваме постојано зголемување на бројките, затоа што е многу позаразен, вели драгица Николовска, директор на Центар за јавно здравје.

Се зголемува и притисокот врз болницата, каде во последните 24 часа починаа 5 лица. Хоспитализирани  се 89 пациенти, на кислордна поддршка се дури 77 од нив.

-Во тек е реорганизација на болницата, односно покрај постоечките КОВИД центри коис е активни а тоа е инфективното, интернетот,  одделнието за уво, нос и грло и гинекологија, во тек е постпка да го отвореиме и очното одделение како КОВИД центар, а овие денови ја подоготвуваме и модуларната болница, изјави Кети Смилеска, директор на Општа болница “Борка Талески“, Прилеп.

Зошто Прилеп со вкупно 284 починати од КОВИД-19 има највисок морталитет во државата, здраствените власти немаат одговор, а инфектолозите претпоставуваат дека причина за тоа е што болните доцна се јавуваат во болница, а најчесто од вирусо умираат повозрасни пациентит со многу хронични заболувања.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пановски: По сите основи сме далеку од здрава нација – обложувалница како главен “спорт“, а 70 посто од општеството на раб на сиромаштија

Tea Dimkovska

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

Дејан Дејан

Нема кој да ги контролира авионите на лондонски Гетвик – сите вработени се болни од ковид – откажани стотици летови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе