Вести Економија Најважни

Мицкоски: Владата е пред чекор на решение самата да го гради Чебрен и Галиште- проектот би чинел 1,5 милјардa евра

Владата е пред чекор на решение самата да го гради проектот Чебрен и Галиште. Ова денеска го кажа премиерот Христијан Мицкоски, кој смета дека оваа стратешка одлука ќе ја донесат после разговорите со раководството на ЕСМ.

Вели дека се блиску до одлуката да не се бара приватен партнер, а проектот ќе биде од стратешко значење биддејќи како што рече во регионот недостигаат два резервоари со питка вода, нешто што би се реализирало со проектот.

Исто така смета дека со него би требало да се реализира наводнувањето на Тиквешкото поле. Проектот би чинел една и пол милјарди евра со камати.

Проектот за централа на Црна река е стар три децении и ниту една влада не успеа да го реализира.

Желба за изградба има, пари нема – министерката Божиновска за проектот Чебрен и Галиште

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видое) Прекин на електричната енергија поради невреме во охридско-струшкиот регион

Дејан Дејан

Наместо два пати годишно ќе има два пати месечно средби за западен Балкан во ЕУ, предлага премиерот

Дејан Дејан

Скопје и Атина ќе работат на унапредувањето на квалитетот на здравствената заштита, со поддршка на СЗО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе