Пелагониските млекпроизводители денеска излегоа на предупредувачки протест револтирани затоа што велат се заборавени од власта, па во изминатата пандемиска година не биле опфатени со ниту една мерка за државна помош. Велат водат битка за опстанок, затоа што откупната цена на млекото со години е иста, а трошоците постојано растат. Се пожалија дека во вакви услови веќе никој не сака да се занимава со сточарство, па сточниот фонд е намален за 60 проценти.
-Секаде, во Европа, на Блакнаот и во светото има помош за сточари и земјоделци, ние сме оставени на милост и немилост. Какј нас сточарството се уништува затоа што немамме никакв а помош , вели Гоце Тантаровски, стоачр од Могила.
-Нашите производи остануваат на иста цена, а другите производи што треба да ги купиме нагло се поскапуваат. Една вреќа ѓубриво беше 650 денари сега е 1000. Еден кг соја беше 25 денари, сега е 40. Нашето не се покачува, а другите репроматеријали многу се поскапени, вели Тоние Петковски, сточар од Велушина.
Млекарите сега органзирани во здружение „Пелагониско поле“, веќе за следната недела договориле средба со министерот за земјоделство Арјанит Хоџа на која ќе разговараат за нивните проблеми. Покрај државна помош, бараат да им се врати данокот од доход кој на крајот од календарската година го добиваат земјоделците што не надминале 1 милион денари од продажба на сопствените земјодлески производи, потоа да запре узвозот на млеко и да им се исплатат ланските субвенции.
-Тој данок лани ни го вратија, оваа година нема никакви најави дали ќе биде вратен или не, изјави Тони Алчевски, претседател на Здружението за сторчари „Пелагониско поле“.
-Ќе ги бараме нашите субвенции да ни бидат исплатени до крајот на март. Доколку не се договориме со министерот ние ќе почнеме со блокади, рече Борче Бучински, сточар од Могила.
Од Подрачната едница на Министерството за земјодлество во Битола, велат дека сточарите ќе ги добијата субвенциите за лани во текот на оваа година, што во иднина ќе биде востановена пракса.
Емилија Мисирлиевска