Ковид19 Македонија

Тетово се подготвува за имунизација

И Тетово се подготвува за процесот на имунизација. На самиот почеток ќе им два пункта во градот за вакцинација против ковид 19, едниот ќе биде во Здравствениот дом, а другиот во Монопол, а според потребите ќе бидат отворени и во руралните средини. Од Здравствениот дом велат дека ресорното министерство веќе направило скенирање на капацитетите, а медицинскиот персонал поминал и соодветна обука.

Тетовци покажуваат интерес за вакцинација.

Речиси 70 % од медицинскиот персонал во Тетово се пријавиле за вакцинација веднаш, додека матичните лекари ги добиле списоците со лица над 70 години.

Инаку, Тетово е веднаш после скопскиот регион во однос на бројот на здравствени осигуреници.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе