Вести Ковид19 Македонија Најважни

Вакцините од Србија утре на Табановце, идната недела доаѓаат и кинеските

Вакцините на „Фајзер“ ги претекнаа кинеските „Синофарм“ и први ќе пристигнат во земјава. Утре на Табановце стигаат 8.000 вакцини на „Фајзер“ кои Србија и ги вети на Македонија, а кои поради законски процедури и одобрување од производителот досега не беа дистрибуирани во земјава. Вакцините на Македонија лично ќе и ги предаде српскиот претседател, Александар Вучиќ, а ќе ги пречекаат премиерот, Зоран Заев и министерот, Венко Филипче. Во меѓувреме се очекуваат да пристигнат и 200.000 кинески вакцини на „Синофарм“, кои премиерот денеска ги најави дека ќе слетаат на Скопскиот аеродром идната недела.

„Она што го очекуваме во делот на кинеските вакцини е 15-16 февруари. секако денеска очекуваме да се случи плаќањето од страна на нашата земја за да може да се испланира пакувањето, обезбедувањето на превозот од кина на овие 200.000 вакцини кои со авион треба да стигнат на Скопскиот аеродром. Така што денови се пред нас кога ќе стигнат вакцините. дотогаш нашиот систем е подготвен“, изјави Заев. 

Во очекување на вакцините утрово беше објавена и веб-страницата за електронско аплицирање за вакцинација на граѓаните, која проработе дури доцна попладнево. Откако беше тестирана за корисниците беше достапна од 11 часот, но со никаква можност да се регистрираат.

Сајтот дозволувше корисниците да ги внесат податоците – име, презиме, матичен број, е-маил, на кој пункт сакаме да се вакцинираме и мобилен телефонски број, но заглавуваа на кодот кој требаше да биде испратен на мобилниот телефонски број кој го остава граѓаните, со чие внесување во апликацијата требаше да ја верификуваат и завршат регистрацијата.

Од министерството за здравство во меѓувреме информираа дека ги прават последните технички прилагодувања на веб-страницата, за таа конечно доцна попладнево да почне да ги прифаќа пријавите на граѓаните за вакцинација, но овојпат без потреба од внесување на каков и да е код.

Од „Мој Термин“ инаку информираат дека внесување на бројот на мобилениот телефон во регистрацијата е со цел за информрање на граѓаните кога ќе им биде одреден терминот за вакцинација. Граѓаните освен што ќе бидат известени преку матичните лекари кога ќе им биде одреден терминот за вакцинација, преку системот „Мој Термин“ ќе добијат и СМС порака на бројот кој го оставиле во апликацијата кога им е закажано вакцинирањето, а преку кој ќе бидат потсетени за терминот, два дена пред закажаната вакцинација.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе