Кризата за вакцини ќе биде надмината, уверува Европската комисија од каде тврдат дека 70% од возрасната популација ќе биде вакцинирана до крајот на летото.. Советот на ЕУ ги усвои препораките на Европската комисија за ограничување на движењето, слободен влез ќе биде дозволен само од земјите кои немаат повеќе од 25 случаи на заразени на 100.000 жители во текот на 14 дена.
Десет дена лоши вести за закочени испораки од производителите на вакцини, европските челници се обидуваат со различни статистички операции да докажат дека кризата ќе биде надмината. Германската канцеларка Меркел веќе не ги брои децата, а Европската комисија порачува дека во вториот квартал од 2021 и други фармацевски компании како Џонсон и Џонсон и КјурВак ќе добијат одобрение за вакцините. Генералниот директор на Европската комисија за набавка на вакцини, Сандра Галина, тврди дека веќе има повеќе од 12 милиони вакцинации во ЕУ и дека земјите се на врвот на листата според вакницијата.
Јас се изразувам во бројки, па би можела да кажам дека кога ќе слушнам дека не споредуваат со Израел, сакам да кажам дека денеска ја надминавме границата од 12 милиони вакцини. Така што, можам да кажам, ако се пресмета што се случи веќе се приклучивме на големата лига земји. Кога ќе ја погледнете листата на најдобри земји кои вакцинираат, сите држави членки се на врвот, така што нема на што да им завидуваме на САД или на Израел – Сандра Галина, генерална директорка на ЕК за здравство.
И покрај неуспесите, од Брисел уверуваат дека земјите-членки ќе ја постигнат целта и дека 70% од возрасната популација ќе биде вакцинирана до крајот на летото. Галина рече дека унијата очекува да добие 400 милиони дози до крајот на јуни.
Меркел пак бара трпение од јавноста поради забавеното темпо на вакцинацијата, вели постои добра причина за умереното темпо на Европа во споредба со другите региони. Според нејзините бројки ако се одземат децата за кои нема одобрени за вакцинација, 73 милиони Германци ќе бидат вакцинирани пред да започне есента.
Во Германија имаме околу девет милиони деца за кои вакцината не е одобрена. Вакцината на Модерна е додбрена за над 16 години, мислам дека на Бионтек над 18 години, а инаку се уште нема одобрени вакцини за деца. Испораката ќе пристигне дури на лето што значи од 83 милиони жители, всушност вакцина е потребна за 73 милиони луѓе. Ако ги погледнеме поединечните квартални броеви, дури и ако Џонсон и Џонсон и Кјурвак ако не добијат одобрение, снабдувањето може да биде доволно според бројките со кои сега располагаме. Ако и овие двајца добијат одобрение, тогаш имаме уште поголема понуда – Ангела Меркел, германска канцеларка.
Американската фармацевтска компанија Модерна, која произведува една од одобрените вакцини против коронавирусот, предлага да се зголеми содржината на лекот во секоја ампула на еден и пол пати. Според претседателот на компанијата Стивен Хог производството на вакцини во моментов се забавува поради ограничувањата на количината на дози на вакцини по шишенце. Па предлага да се доде повеќе лек во ампулите и да се одбијат 15 дози наместо сегашните 10. Но за оваа иницијатива да се реализира потребно е одобрување од раководството на Администрацијата за храна и лекови при Министерството за здравство на САД.
Запираат сите неопхопдно патувања ова е одлуката на Советот на ЕУ којшто ги усвои препораките на Европската комисија за ограничување на движењето, слободен влез ќе биде дозволен само од земјите кои имаат мал број на случаи со коронавирус и занемарлив број на лесно преносливите мутации, односно патниците кои доаѓаат од земјите кои немаат повеќе од 25 случаи на заразени на 100.000 жители во текот на 14 дена. Но ова е пониска стапка на заразеност отколку во сите земји на ЕУ.
Патниците од Британија, каде новата мутација забрзано се шири не смеат да патуват во Русија, бидејќи земјата ја продолжи забраната до 17 февруари.
Билјана Ставрова
