Свет

Во Холандија судири меѓу демонстранти и полиција, 25 уапсени

Демонтрантите предизвикаа пожар во центарот на Ендховен на југот на Холандија и фрлаа со камења кон полицијата на забранетите демонстрации против воведувањето на карантин во земјата.

Полицијата на тоа одговори со солзавец и водени топови, приведувајќи најмалку 30 луѓе. Земјата е во блокада од средината на декември, која треба да продолжи до 9-ти февруари.

Се верува дека на демонстрантите им се придружиле членовите на групата која е против имунизација Пегида.

Возовите беа запрени, а локалните медиуми јавуваат за грабежи во станичните продавници.

Синоќа, за време на првата вечер од полицискиот час, демонстрантите запалија лабораторија за тестирање за коронавирусот во холандското рибарско село Урк и фрлаа петарди.

Видео објавено на социјалните мрежи покажува како огорчени млади луѓе влегуваат во лабораторија во Урк, која подоцна била запалена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе