Ковид19 Свет Топ вести

Физер ја намалува испораката на вакцината за Европа

Американската фармацевтска компанија Физер потврди дека привремено ќе ги намали испораките на вакцината за Ковид-19 за Европа, додека работи на зголемување на производствениот капацитет на нивната фабрика во Белгија, до 2 милијарди дози годишно. Шест земји членки на унијата веднаш објавија дека ова е неприфатливо и предупредија дека на тој начин се поткопува кредибилитетот на процесот на вакцинација. Шведска, Данска, Финска, Литванија, Латвиа и Естонија веднаш побараа од унијата да изврши притисок врз Физер да ги зголеми испораките. Поради тоа претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен побарала гаранции од американската компанија дека ќе бидат испорачани договорените количества за првиот квартал.

Веднаш го побарав извршниот директор на Физер и тој ми објасни дека ќе во следните недели призводството ќе биде привремено намалено, но тој ме увери дека сите гарантирани дози за првиот квартал ќе бидат испорачани на време. Тој е лично инволвиран за тоа да биде напавено што побрзо, изјави Фон Дер Лајен.

Причината за намалените испораки е значително намаленото производство на фабриката на Физер во Пурс, Белгија, која во следниот период ќе работи на проширување на производтството за да ја достигне поставената цел, производство на 2 милијарди дози годишно. Намаленото производство нема да ги погоди само европските земји, затоа што фабриката во Белгија ги произведува вакцините кои се испорачуваат надвор од САД, односно за целиот свет.

Ваквите одложувања и проблеми се можнио кога глобалните синџири на снабдување се растегнати и под притисок, и кога побарувачката во целиот свет е голема, рече Тајлер Шандо, министер за здравство на Алберта.

Иако Европа не зависи само од вакцината на Физер Бионтек, откако Европската медицинска агенција ја одобри за употреба и вакцината на Модерна, сепак се очекува недостатокот да го забави исполнувањето на програмите за вакцинирање.

Ваквиот развој на настаните доаѓа само една недела откако ЕУ и Физер договорија испорака на 600 милиони дози оваа година, двојно повеќе од првично договореното.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Боцевски во „Топ тема“: Пендаровски зборува како кандидат за премиер, го мобилизира членството на СДСМ и го глуми Зоран Милановиќ

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ во „Топ тема“: Следи тесна битка за претседател меѓу двајца кандидати, Македонија нема да погреши со било кој од нив

Дејан Дејан

Напад врз три возрасни жени во Вастерас – шведската полиција го застрела напаѓачот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе