Култура Македонија

Заради застојот во Собранието – наградата “Свети Климент Охридски” не се додели

Доделувањето на државната наградата „Св. Климент Охридски“ беше можност низ годините да се потсетиме на нешто што траело и опстојувало до денес како писменост, традиција, култура и континуитет на духот. Ние немаме право тоа неразумно да го растуриме, забележа академик Урошевиќ на минатогодишното врачување на наградата.

Денес беше положено свежо цвеќе пред споменикот на „Св. Климент Охридски“, но државната награда не беше доделена,  не беа доделени ниту државните награди „Мито Хаџи Василев-Јасмин “, „МајкаТереза“  и „11 Октомври“. Причината е во заглавениот деловник на Собранието.

“На постоечките одбори за овие неколку државни награди им истече мандатот во јануари оваа година. Во февруари се распушти Собранието, но од септември до денес ние како Министерство за култура упативме три дописи до Собранието  т.е до Комисијата за избори и именувања да се формираат одборите за државните награди бидејќи по закон тоа е нивна обврска и нивна должност. Жалам што до сега не со формирани одборите на државните награди” – оцени министерската за култура, Ирена Стефоска.

За Костадинов кој е воедно и претседател на Комисијата за избори и именувања , Ковид 19 пандемијата не го поштеди ниту Собранието и за таа цел секоја седница на Комисијата е во координација сo сите политички групи, па таму може да се лоцира причината зошто наградите не се доделени.

“Јас очекувам дека како претседател давам особен личен влог до крајот на оваа недела, најдоцна почетокот на следната недела конечно да се свика Комисијата и конечно да ги решиме и овие прашања. Очекувам дека ќе постои консензус од сите политички групи. Еве и овде ја користам оваа прилика да пуштам апел кон сите парламентарни политички партии да учествуваат на Комисијата и секако да го решиме и овој проблем” – изјави претседателот на комсијата за избори и именувања, Костадин Костадинов.

Стефоска со апел до истата Комисијата за избори и именувањa во најкус можен рок да ги формираат одборите, за да може следната година да почнат со работа и наградите да бидат навремено доделени.

Годинава за прв пат требаше да биде доделена и државната награда за човекови права „Мето Јовановски“, но поради заглавените процедури во Собранието и таа на 10 декември нема да биде доделена.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дигитализација на мали и средни компании во Македонија

Дејан Дејан

Дали читањето на книги е сѐ уште во секојдневната рутина на човекот?

Дејан Дејан

Утре е неработен ден за сите граѓани на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе