Ковид19 Најважни

Македонија продолжува со страотни статистики – 40 починати од Ковид-19 во последните 24 часа

40 нови жртви за едно деноноќие, најцрни ковид-статистики од почетокот на пандемијата.

Битката за живот ја загубија 10 пацинети од Скопје, Прилеп е втор на листата градови со најголем број починати. За 24 часа, петмина прилепчани влегоа во црните статистики. Штип, Велес, Битола и Гостивар регистрираа по три нови жртви, по двајца починати има во Куманово, Струга, Кавадарци и Кичево и по една загубена битка за живот има во Тетово, Гевгелија, Струмица, Крушево и во Свети Николе.

Висок е процентот и на новозаразени изминатото деноноќие. 35 проценти од тестираните се позитивни на вирусот.  Во битка со Ковид влегоа 591-но ново лице, но од 1683 тестирани. 218 од ново-потврдените случаи се од Скопје. Веднаш зад Скопје се Куманово со 47, Гостивар со 46 нови случаи, 36 регистрираше Битола, 29 Кичево, во Tетово 28, Прилеп 26, штип 21. Во моментот активни се 18 илјади 488 случаи, а  вкупниот број на починати стигна до 1345 лица.

Во продолжение соопштението на Министерството за здравство.

“Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1683 тестирања, а регистрирани се 591 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-218, Куманово-47,  Штип-21, Прилеп-26, Тетово-28, Струга-2, Велес-24, Битола-36, Охрид-2, Кавадарци-9, Гостивар-46, Струмица-22, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-1,  Валандово-5, Виница-10, Делчево-5,  Кратово-1, Свети Николе-16, Кичево-29, Ресен-6, Неготино-15.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 439 оздравени пациенти од: Скопје-102, Штип-22, Прилеп-42, Тетово-49, Струга-21, Велес-36, Охрид-51, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-2,  Струмица-33, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Кочани-20, Пробиштип-5, Пехчево-1, Берово-5, Свети Николе-4, Неготино-14.

Починати се 40 лица, десет пациенти од Скопје (66, 66, 76, 61, 51, 72, 52, 83, 49 и 84г), двајца од Куманово (77 и 77г), тројца од Штип (70, 62 и 80г), пет од Прилеп (63, 62, 66, 54 и 64г), еден пациент од Тетово (55г), двајца од Струга (56 и 60г), тројца од Велес (70, 51 и 89г), тројца од Битола (69, 69 и 71г), двајца пациенти од Кавадарци (67 и 78г), тројца од Гостивар (71, 65 и 81г), еден пациент од Дојран (ПЕ Гевгелија -56г), еден од Струмица (84г), еден од Крушево (76г), еден од Свети Николе (68г) и двајца пациенти од Кичево (75 и 81г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47636, бројката на оздравени пациенти е 27803, на починати е 1345, а бројот на активни случаи изнесува 18488. Денеска се евидентираат пет контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 20849, активни 8614
  • Куманово 3101, активни 890
  • Дебар 418, активни 102
  • Штип 2199, активни 509
  • Прилеп 2180, активни 879
  • Тетово 3181, активни 1032
  • Струга 1097, активни 289
  • Велес 1469, активни 762
  • Битола 1381, активни 731
  • Охрид 1157, активни 486
  • Кавадарци 895, активни 404
  • Гостивар 1788, активни 605
  • Гевгелија 573, активни 221 (32 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 106 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 1379, активни 637
  • Крива Паланка 333, активни 104
  • Радовиш 344, активни 128
  • Крушево 70, активни 39
  • Кочани 1031, активни 320
  • Пробиштип 294, активни 94
  • Демир Хисар 148, активни 69
  • Македонски Брод 131, активни 27
  • Пехчево 87, активни 26
  • Берово 285, активни 77
  • Валандово 142, активни 49
  • Виница 287, активни 133
  • Делчево 353, активни 168 (88 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 128, активни 82
  • Свети Николе 663, активни 195
  • Кичево 969, активни 445
  • Ресен 349, активни 135
  • Неготино 355, активни 236 (32 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1683 теста се преку: ИЈЗ-692, ЦЈЗ Скопје-33, Авицена-0, Биотек-46, МАНУ -130, Жан Митрев (Филип Втори)-199, Систина со PCR метода -311, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-38, Инфективна клиника-6, ГАК-0, Синлаб-207, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -21, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 293.872 тестирања на Ковид -19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 529
  • Гази Баба – 1216
  • Аеродром -1294
  • Карпош – 1110
  • Центар – 1083
  • Кисела Вода – 1050
  • Ѓорче Петров – 713
  • Бутел – 454
  • Шуто Оризари – 146
  • Студеничани – 41
  • Сарај – 118
  • Арачиново -27
  • Илинден – 212
  • Сопиште – 63
  • Чучер Сандево – 92
  • Петровец –90
  • Зелениково -55
  • Странец – 149
  • Нераспределен- 172
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јавниот долг над 10 милијарди евра, годинава ќе ја пробие црвената линија

Дејан Дејан

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Почна државната матура – првиот изборен испит го полагаат над 14 500 ученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе