Ковид19 Најважни

Филипче: Состојбата со Ковид – 19 е критична

Трендот на повеќе од 30 проценти позитивни од тестираните неделава , или дека секој трет кој се тестирал е позитивен на корона  ја искачи бројката близу 15 000 активни случаи во Македонија.

По ваквите статистики изминативе недели  министерот Филипе, денеска со видео обраќање дека ситуацијата е критична, граѓаните да внимааваат, но без најава за дополнителни мерки против ширење на вирусот.

Инаку, половина од корона позитивните се од главниот град.

Најкритично е во Гази Баба , Аеродром, Карпош , Центар и Кисела Вода.  Забрзано расте и бројот на болни во Прилеп.

Таму, според вчерашниот ковид – билтен 79 луѓе се инфицирале со вирусот. Слично е и на истокот од земјава.

Во штипската болница во моментов се хоспитализирани 64 пациенти, се очекува да почнат да се примаат и на кожно.

Бројот на луѓе кои секој ден се впишуваа во графата на оздравени е значително помал. Сепак ваквото оптоварување на здравствениот систем не може да ги пушти да излезат од изолација.

Како што дознава Телма викендов има технички проблеми со „Мој Термин“ па оние чие решение за изолација истекува не можат да излезат од дома, затоа што од ЦЈЗ не добиле потврда дека ковид – болниот оздравел.

А од полицијата која е задолжена да проверува дали се почитува изолацијата тропнуваат и на вратите на овие луѓе.

Нашата соговорничка која сакаше да остане анонимна, вели дека ја воделе како симптоматски случај наместо како заразен кој нема никаков симптом. Денот кога тргнала на работа , и кажале дека полиција ја бара дома.

Кога требаше да излезам по 10 дена бидејќи ми рекоа дека сум асимптоматски случај, дознав дека ме водела матичната како со симптоми. Морав да останам дома 20 дена. Дури и по тие 20 дена ме бараше полиција. Денот кога излегов ми се јавија дека дошле и им реков дека сум на работа. Им го пратив решението за изолација со почетен датум. Тие ми рекоа требало да седам уште два дена бидејќи решението е издадено два дена по позитивниот резултст, иако во решението имаше точен датум на почеток од кога почнува изолацијата, вели таа.

Интерните клиники веќе почна да примаат ковид болни, а од утре според најавите на здравствените власти во функција ќе биде и стационарот на Кожно каде може да се згрижат 30 болни.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД и Иран разменија напади – прекинот на огнот загрозен

Дејан Дејан

Почна државната матура – првиот изборен испит го полагаат над 14 500 ученици

Дејан Дејан

Мицкоски: Проширувањето е живо, а европските лидери го покажуваат тоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе