Вести Македонија Топ вести

Тунески „тежок“ над половина милион евра, ДКСК ќе испитува судир на интереси

Антикорупциска истражува судир на инереси кај членот на Регулаторната комисија за енергетика Атанаско Тунески. Барањето стигнало од енергетска компанија од земјава. Во пријавата стои дека има сомнеж дека Тунески го прекршил Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Законот за енергетика. Како член на Регулаторна која носи одлуки, дава и одзема лиценци, врши надзор врз енергетскиот пазар, Тунески поседува и акции во енергетска компанија. Од Антикорупциска за „Телма“ велат ќе ги испитаат сомнежите, и ако се потврдат ќе бараат од Собранието да го разреши Тунески.

Антикорупциска треба да испита како е можно Тунески како член на РКЕ кој е должен да учествува во работата и одлучувањето на седниците на Комисијата, истовремено да има увид во работата на енергетска  компанија каде поседува 10 обични акции. Дали го прекршил Законот за спречување на корупција и судир на интереси прикривајќи дека има приватен интерес во енергетска компанија кој не го навел прецизно во анкетниот лист.

Во пријавата стои дека согласно Законот службено лице не може во теккот на мандатот, како и во рок од три години по неговиот престанок да стекне по која и да е основа и во кој и да е облик акционерски права во правно лице врз кое органот во кој работи, врши надзор.

Енергетската компанија се повикува и на Законот за енергетика во кој има специјален дел за судирот на интереси. Таму децидно е прецизирано дека член на Регулаторната не може да биде акционер во компнии кои имаат лиценца за вршење на енергетска дејност.

„Согласно став 2 од овој член, лицата од став 1 се должни да ги прекинат своите интереси во правните лица, кои се носители на лиценци за вршење на енергетски дејности, преку продажба на акциите.“ – стои во Пријавата до ДКСК.

Анкетниот лист пак кој Тунески го доставил до Антикорупциска покажува дека неговиот имот тежи над половина милион евра. Пријавил дека поседува акции вредни околу 30.000 евра,но не навел во кои компании.  На повеќе штедни книшки во една банка има заштеди, дел негови дел на сопругата од околу 300.000 евра. Само од камати од заштедите годишно му легнуваат околу 8.000 евра, а  сефот во банка му тежи 20.000 евра. На негово име и на име на сопругата завел три станови во Скопје, од 94,87 и 51 метар квадратен вредни околу 205.000 евра.

 

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Влегол со автомат во казино во Лешок, го репетирал и одзел над 5.000 евра – притвор за 28-годишен жител на Непроштено

Дејан Дејан

Со исправа со невистинита содржина, станала директорка на детска градинка – кривична пријава против 44-годишна велешанка

Дејан Дејан

Зголемувањето на цената на полисите за автомобилско осигурување е неоправдано – реакција на АСО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе