Свет Топ вести

Макрон пред одлука за национален „локдаун“

Епидемијата е надвор од контрола, со ваков наслов излезе престижниот Ле Монд, на денот кога во Елисејската палата францускиот претседател Макрон ги испишува последните редови од говорот кој вечерва ќе го прочита пред нацијата. Четиринеделен национален локдаун е одлуката која тој можеби ќе ја објави по средбата со своите министри. Премиерот Жан Кастекс е на состанува со лидерите на синдикатите и опозициските партии за да ги оправда строгите мерки, иако во големи делови на Франција, па и во Париз, на сила е полициски час. Француските болници се полни, бројот на починати се зголемува, за еден ден 523 смртни случаи. Земјата со недели пријавува по десетина илјади новоинфицирани на ден, а сега има повеќе од 380 нови случаи на 100.000 жители.

Економистите предупредуваат дека целосно затворање на земјата би можела да има влијание врз цела Европа, доколку примерот на Франција го следат и другите држави. А еве што велат парижани.

Исклучително тешко е да се донесат одлуките и потребно е врмее за да се применат, посебно на здравствено ниво. Да видиме што ќе се случува не сме во добар период. Се чувствувам дистанмцирано по тоа прашање, не сум лута, да видиме што ќе случи бидејќи мора да се преземат против ширење на епидемијата, вели Моник Вуасин, жилетка на Париз.

 

Не ја обвнувам владата за размислувањата пред донесувањето на одлуката кој ќе има сериозни последици во многу области како здравството, образованието и стопанството. Тоа не е одлука која е лесно да се донесе. Јас сум незадоволен од политичката полемика, сметам дека ова не е момент за тоа, сега треба да се држиме заедно и да најдеме ренија кои се побезболни за луѓето, рече Жил Вензепфлен, жител на Париз.

Германија во изминатите 24 часа потврди 14.964 новозаразени случаи со коронавирус, соопшти Институтот за контрола на болести „Роберт Кох“, што претставува најголем дневен пораст во земјата од почетокот на пандемијата.

Германската канцеларка Ангела Меркел бара состанок со премиерите на 16 германски покраини за затворање на рестораните и кафулињата, почнувајќи од 4 ноември.

Тоа ќе биде последен во низата обиди да се спречи ширењето на коронавирусот, меѓутоа планот е училиштата и градинките да останат отворени.

Бројот на заразени лица со новиот коронавирус секој ден урива рекорди, како во Европа, така и во остатокот од светот.

Здравствените власти во Хрватска тврдат дека бројките се толку високи што не можат да стигнат да ги обработат податоците.

Повеќе земји, меѓу кои Белгија, Ирска и Велс, воведоа целосен карантин, вонредна состојба е прогласена во Шпанија и Италија, додека во Чешка е воведен полициски час.

Билајан Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО ВЕСТ: Втор круг реприза од 2019-та, Силјановска и Пендаровски

Дејан Дејан

Пендаровски: Со никого нема да правам договор за механичко префрлување на гласови, оние кои не излегоа денеска, ги охрабрувам да излезат на 8 мај

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Ќе соработувам со партијата која ме предложи, но и со владата, опозицијата, невладиниот сектор, медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе