Вести Свет Топ вести

Европа – епицентар на КОВИД 19

46% од глобалните случаи на ковид 19 се во Европа, и затоа нема сомнеж дека европскиот регион во моментов е епицентарот на болеста. СЗО предлага дека можеби е време границите на ЕУ да се заторат.

Мислам дека треба да го разгледаме ова многу сериозно во контекст на Европската унија, во контекст на регионот како целина. Има многу слободно движење и затоа можеби ќе треба затворање и ограничување на движењето, мерка да се остане дома, за да се смири жариштето во оваа фаза од пандемијата, смета доктор Мајкл Рајан, од СЗО. 

Европските држави се на колена во битката со пандемијата. Италијанските ресторани вчера ги затворија вратите во 18 часот. Кафанџиите се лути, но владата во Рим се обидува по секоја цена да го избегне целосниот карантин.

Ја почитуваме дистанцата со масите и ги следиме правилата. Не можам да сфатам зошто рестораните мора да се затворат во 6 попладне. Не ја разбирам целта. Присилени сме да затвориме во шест, додека наутро гледаме илјадници луѓе како се буткаат во метроата и автобусите, вели еден сопственик на ресторан. 

Оваа мерка ги разгневи италијаните, кои во неколку градови се кренаа на протести. Петарди и шишиња се фрлаа кон полицијата, која мораше да ги смирува со солзавец.

Болниците во Белгија се полни, докторите веќе немаат контрола. Во просек дневно се јавуваат по 13 илјади новозаболени – бројка која според властите е еден вид цубами. Тука и болните доктори од КОВИД нема кој да ги замени. Замолени се да се вратат на работа оние кои немаат симптоми, зашто здравствениот систем е пред колапс.

Чешка како најпогодена, од вечерва воведува полициски час, кој ќе трае седум дена. Властите се надеваат дека ќе ја смират заразата, или барем ќе ја ограничат трансмисијата.

Во регионот. Хрватска и Словенија веќе се подготувуваат за најлошо сценарио. Загрепска арена вчера е претворена во полска болница.

Тука се планирани пациенти со блага клиничка слика до средно тешка. Значи, ова не е за пациенти на кои им треба интензивен терапевстски третман. Од друга страна, на тие пациенти може и брзо да им се влоши ситуацијата, поради тоа потребно е тука да ги имаме сите услови за тие да бидат хоспитализирани во болница, изјави доктор Давор Вагиќ. 

Во Босна маските од денеска се задолжителни на отворено, а Бугарија бележи нов рекорд со 2.243 случаи, и починати 42 лица. Расте бројот и во Србија, до граѓаните апел да носат маски.

Колку и да преземаат мерки, едноставно истите не се доволно брзи како самиот вирус. Карантинот, кој државите на секаков можен начин го избегнуваат, како мерка можеби е најделотворна. Доказ за тоа е Австралија која по сто дена клуч полека ја отвора вратата со само 17 случаи. Здравствените експерти објаснуваат дека Асвтралија и Нов Зеланд се еден друг свет, каде дисциплината едноставно е најважниот сегмент во општеството.

Алиса Шутиноска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе