Македонија Топ вести

Христијан Мицкоски е само лош глумец, велат од одбор за свикување вонреден конгрес

Иницијативниот одбор за промени го мобилизира членството на ВМРО ДПМНЕ за свикување вонреден конгрес на партијата. Тврдат дека вчерашните одлуки на Централниот комитет се нелегитимни затоа што биле донесени од членови со истечен мандат.Мицкоски е само лош глумец, чија суета го турка ВМРО ДПМНЕ во пропаст, вели Ивица Коневски.

Сите одлуки на Централниот комитет се легитимни реплицираат од ВМРО ДПМНЕ.Лидерот на партијата Христијан Мицкоски на свое барање вчера ја ставил точката на дневен ред за одржување вонреден конгрес на кој тој не би се кандидирал што едногласно било отфрлено од партиското тело.

Реакции во јавноста предизвика и оставката на генералниот секретар на партијата Игор Јанушев и составот на Извршниот комитет. Нови членови се Рашела Мизрахи, Антонио Милошоски, Гордана Кочовска, Вељо Марковски, Стефан Андоновски, Марија Андоновска и други.

Во наредниот период ВМРО ДПМНЕ избере нов Генерален секретар, а според партиски извори за најсериозен кандидат се споменува Орце Ѓорѓиевски.Нови претседатели ќе имаат и Униите на жени и на ветерани.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Десетина граѓани се пожалиле кај Омбудсманот за повредено избирачко право

Дејан Дејан

Најголема излезност до 15 часот има во Новаци и Крива Паланка, најмалку во Пласница и Центар Жупа

Дејан Дејан

Одѕивот до 13 часот е околу 20 проценти – мирен изборен ден во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе