Економија Најважни

Бектеши им порача на новинарите да учат албански

Го започна своето обраќање на албански јазик. Од почит како што рече кон најголемиот етникум се обрати и на македонски. Прашан зошто пресот го почнува по обратен редослед, не како до сега – министерот за економија Бектеши со порака до новинарите – да  учат албански.

Јазикот е за да се доближат луѓето, е важно да се разбираме и секој дополнителен јазик е додадена вредност, а тоа секако би бил и за вас како новинар, имајќи во предвид дека има и многу функционери и секако дека имате многу колеги  кои го зборуваат тој јазик. Пошто е ова втор пат што ми го поставувате истот прашање, тоа било и во првите недели откако се усвои Законот за јазиците – изјави Бектеши.

Бектеши не одговори директно на предлогот на лидерот на „Беса“ Биљал Касами, кој на ТВ 21 порача дека и приватните компании треба да спроведат двојазичноста, бидејќи дел од дипломираните Албанци не го говореле македонскиот.

Но им  порача него и на политичарите од власта пред да коментираат да ја прочитаат владината програма. Го повтори ставот дека вработувања по етнички клуч со државни пари ќе има и во приватниот сектор, најверојатно од наредната година.

Што се однесува до вакви мерки веќе се разгледуваат неколку опции како тоа од наредната година да почне да се реализира, а детално би ве повикал на поглавјето што е во владината програма доставена и усвовена од Собранието, (каде поглајве го има насловот еднакво општество за сите и таму во страна 39 параграф 3) ќе видите како ќе изгледа приближно мерката. А ова важи секако и до политичарите да ги читаат владините програми и пред да даваат коментари, посебно тие политичари кои што ја добиле довербата да владеат во четиригодишниот мандат- рече Бектеши.

Бектеши го посочи и делот во програмата на кој се повикуваат функционерите на ДУИ, кој пак различно го толкуваат функционерите од редовите на СДСМ.

Во владината програма која ги раскара коалиционите партнери стои:

Програма на Влада: 

„Владата ќе го повика, охрабри и соработува со бизнис секторот т.е домашните  и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толаранција, застапеност и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја.“.

Наспроти Бектеши и Груби, кој прв се пофали дека со државни пари ќе се вработуваат Албанци и во приватни компании, премиерот Заев, вицепремиерот Битиќи и потпретседателот на СДСМ Коста Петров со став, дека субвенции за вработувања во приватни компании ќе има, но не по етнички клуч.

А во меѓувреме се појави нова провокација од Артан Груби. Првиот заменик на премиерот се брендрираше под логото АГ. Во видео спот снимен само на албански со наслов „Резиме на една  недела во 68 секунди“, тој ја промовираше својата политичка агенда во изминатата недела.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

1078 домашни и 770 странски набљудувачи ќе ги следат изборите во среда

Дејан Дејан

Полицаец со двајца скопјани киднапирале едно лице, тој ги возел другите двајца го држеле

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе