Вести Економија Македонија Најважни

Караница меѓу СДСМ и ДУИ за субвенциите во приватениот сектор по етничка основа

Владината коалиција во клинч околу етничките вработувања со државни пари и во приватниот сектор. И денеска различни ставови и толкувања на владината програма на релација СДСМ-ДУИ.

Неколку часа откако Министерот за економија Бектеши изјави дека државата ќе дава пари за вработувања по етнички клуч и во приватниот сектор, бидејќи тоа е дел од владината програма и од тоа нема отстапки, со остра реакција се јави  потпретседателот на СДСМ Коста Петров. Тој на Фејсбук напиша:

Ти зборуваш за иновации, нови технологии, artificial intelligence, biotech, data science,  креативност, тој за субвенции за етнички вработувања. Едно иновативно општество за сите. 

Бектеши утринава изјави  дека не верува дека има несогласување во Владата по ова прашање, иако не ги чул изјавите на другите.

Тоа значи дека сите компании што се основани и раководени од Албанец ако во неговата приватна компанија вработува Македонец тогаш ќе биде поддржан од страна на Владата, а тоа ќе биде направено на инклузивен начин и граѓаните да се доближат што повеќе. Оваа мерка ќе се реализира зошто е обврска што произлегува од владината програма што е усвоена во Собранието на Северна Македонија и нема отстапка од владината програма – изјави Бектеши.

Бектеши рече дека ќе бара пари за тоа да се обезбедат за идната година.

Ако ме прашате мене како министер за економија секако дека ќе ги направам најголемите напори за таа мерка да почне да се реализира и тоа ќе барам од страна на Владата со донесувањето на предлог – буџетот за наредната година такви средства да бидат предвидени.- изјави Бектеши.

Топката прв ја фрли Артан Груби, првиот заменик на премиерот. Премиерот Заев пак рече дека ќе се субвенционираат вработувања во приватни компании без оглед на етничката припадност. За разлика од Груби и Бектеши, за вицепремиерот од редовите на СДСМ задолжен за економијата Фатмир  Битиќи, неблагодарно е јавните пари да се делат по етничка основа.

А во владината програма пак стои:

Владата ќе го повика, охрабри и соработува со бизнис секторот т.е домашните  и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толаранција, застапеност и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја.

За бизнисот пак е недопустливо власта да се меша во приватниот сектор и да се дискриминираат работниците по етничка основа.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе