Економија

Шведска ќе ја поддржи својата економија со 12 милијарди долари

Активностите во шведската економија годинава ќе се намалат за околу 4,6 проценти, соопшти денеска шведската Влада и додаде дека во 2021 година од буџетот во економијата ќе „вбризга“ 105 милијарди круни или 12 милијарди долари.

Со тоа, Стокхолм сака да го поттикне растот на економијата погодена од пандемијата на коронавирусот.

Заедно ќе работиме на закрепнувањето на Шведска од кризата и за да изградиме поодржливо општество, се вели во соопштението на малцинската коалиција.

Буџетските мерки, како што се намалување на даноците за граѓаните и компаниите, како и повеќе средства за секторот за социјална заштита, веќе се широко познати во Шведска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За три месеци загубите на ЕСМ пораснале за околу 11 милиони евра

Дејан Дејан

За три месеци загубите на ЕСМ пораснале за околу 11 милиони евра

Дејан Дејан

Сопруг на директорка и заменик претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ вработени во МНАВ- реакција на Синдикатот кој бара поништување поради нетранспарентност и непотребни вработувања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе