Вести Македонија Топ вести

Од ГАК тврдат дека сториле се што можат да ја спасат починатата родилка

Процедурите се запазени а лекраските тимови направуиле се што можеле за да ги спасат животите на родилката и на најезиното бебе, соопштија од ГАК. Сепак внатрешна контрола ќе го испита целиот случај истото го најавија и од Државниот здравствен инспекторат.

Четириесетгодишна родилка од Скопје, која вчера почина на клиниката, дошла во петокот на редовна контрола и испитување. Лекарите имале некои сомневања околу Це- Те- Ге тестот и побарале од неа да поседи кратко време надвор за да може повторно да ја испитаат. Но, таа заминала дома, а попат почнале компликациите.

Родилката била тестирана за присуство на коронавирус и откако резултатите биле негативни, лекарите веднаш одлучиле да извршат царски рез и да го извадат плодот кој веќе бил мртов.

Според Стојчевски, пореметувањето во коагулацијата било клучно и поради тоа лекарите не можеле да го спречат крварењето. Тој лично ја проверил целата документација и разговарал со двата тима и смета дека тие сториле се што можеле за да го спасат нејзиниот живот.

Она што збунува е фактот што семејството го подигнало телото на починатата без да биде направена обдукција, а тоа го потврдија и од Државниот здравствен инспекторат.

Внатрешна комисија  на ГАК ќе направи котрола на случајот, а тоа го најави и Државниот здравствен инспекторат кои ќе испитуваат дали лекарите ги запазиле сите протоколи и дали животот на родилката можел да биде спасен.

 

Огнен Чанчаревиќ 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе