Вести Македонија Топ вести

Се шири корона вирусот меѓу децата во градинката во Струмица

Уште две деца со КОВИД – 19 во струмичката централна градинка. Станува збор за деца од истата група коишто се во изолација по првиот случај потврден пред два дена. Од управата на градинката ја  потврдија информацијата, дека вкупно три деца во една група којашто е веќе во изолација се позитивни на корона – вирусот.

Засега не може да се потврди дека станува збор за поврзаност со првиот случај на КОВИД – 19 во групата, бидејќи едно од децата коишто денеска се регистрирани како позитивни воопшто не се сретнало со првото позитивно дете, додека другото било во контакт само еден ден. Не е исклучена можноста да станува збор за пренос на вирусот од други лица во кругот на  семејствата коишто можеби се носители на вирусот, но немаат симптоми.

Првиот случај на КОВИД – 19 во струмичката градинка е регистриран пред два дена, а детето било во градинката само три дена од отворањето во средна, на 9 септември, до викендот. Детето го добило вирусот од член на семејството.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе