Економија Топ тема

Се бара Уредбата за акцизите на нафтените деривати да се преточи во закон

Признавање на трошоците за тестовите за Ковид од даночен аспект,намалување на парафискалните давачки и даночен календар за поголема предвидливост, побараа бизнисмените од Стопанската комора на Македонија од министерот за финансии.

Во делот на енергетиката се предлага, Уредбата за акцизите на нафтените деривати да се преточи во закон, бидејќи е со времен карактер. Со неа се изедначи акциза на екстралесното гориво со дизелот,  што даде резултати. Исто така, се зголеми акцизата за нафтените деривати за три денари, но треба да се враќа на претходното ниво – зависно од движењето на светските берзи.

„Иако, нас како нафтени компании не ни одговара да остане тоа зголемување од тие три денари….. но, е во интерес на државата, со оглед дека имаме криза кога буџетот беше осиромашен а се уште сме далеку по износот на акцизите на нафтените деривати и нас може да ни се случи таа Влада која е биде во владеење да биде принудена да ги качува акцизите по осум до десет денари од   по литар и тоа ќе биде сериозен проблем, затоа би предложил ова да се преточи во закон и да се донесат подзаконските акти иако дел се донесени“ – Андреа Јосифовски, Макпетрол.

„Морам да пресметам фискални импликации за да бидам посериозен и да кажам дека ова има смисла. Ќе го проверам ова тоа што го кажавте има економска логика и во однос на светските берзи и во однос на екстраленсото, и една од нашите цели е ако успеема да ја намалиме сивата економија а меѓудругото и ова става во“ – Фатмир Бесими, министер за финансии.

Се бара укинување на царината за природниот гас, воведена во 1997 година. Таквата давачка е непотребна бидејќи земјава нема производител на природен гас, а со неа се оптоварува стопанството. При тоа, не станува збор за голем износ кога е во прашање буџетот. А беше упатено и барање за електронско поврзување на царината со акцизните складови, што е Европска директива и само така државата ќе има увид каде се движи стоката и да си ги собере давачаките.

Стопанствениците бараат да се разгледа и прашањето за двојното одданочување за приватното здравствено осигурување за кое сега плаќаат персонален данок и данок на добивка.

Бесими начелно ги прифати предлозите на стопанствениците, а за дел од нив рече дека мора да се видат фискалните импликации. Најави и дека државата ќе биде гарант на фирмите за полесно да можат да земат кредит во комерцијалните банки, а државната гарантна шема треба да започне да профункционира до крајот на годината.Министерството за финансии со 10 милиони евра ќе гарантира неколкукратно повисоки суми на кредити за малите и за средни претпријатија. Гарантната шема ќе оди преку Развојната банка, додека средствата ќе се пласираат преку комерцијалните банки.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вчера имало проблем со електроенергетската мрежа во Македонија и можело да има сличен колапс и снемување струја како денеска во половина балкански држави, тврдат во БиХ?

Дејан Дејан

Во 5 држави низ Балканот снема струја- почна од Црна Гора, се прошири на БиХ, Далмација во Хрватска, Албанија, а стигна и до Грција

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Дали бродови и книги од Тито ја поскапуваат струјата?- ХоризонТелма Еп.20

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе