Ковид19 Свет Топ вести

Податоците за руската вакцина против Ковид-19 се нецелосни, тврдат западните научници

Податоците за руската вакцина против Ковид-19 се нецелосни, има недоследности и повторување како „копи/пејст“. Тоа го предупредија 38 научници, чија позиција беше објавена во списанието „Nature“.

Изданието потсетува дека руските податоци беа објавени овој месец во медицинското списание „The Lancet“.

Во отворено писмо до руските автори, научниците истакнуваат дека објавените резултати од раната фаза на истражувањето се претставени само во форма на графикони, без специфичните податоци врз кои се градени тие графикони.

Италијанскиот молекуларен биолог Енрико Бучи истакнува дека во руската публикација во „Лансет“ е претставено мерење на нивото на имуните клетки во крвта на 9 групи волонтери врз кои се тестирани различни формули за вакцини. Во две од овие групи, податоците се покажаа исти.

– Шансите ова да се случи во природни околности се мали, вели Бучи.

Научниците велат дека тие не обвинуваат, но за да се направи соодветна проценка, потребна е подетална презентација на оригиналните податоци. Во исто време, се забележува дека објавувањето на таквата студија без детални податоци е многу невообичаено однесување во научната заедница.

Од „Nature“ бараат појаснување од авторот на руската публикација за вакцината во истражувачкиот центар Гамалеи, Денис Логунов, но тој одби да даде коментар.

Руската вакцина е регистрирана без задолжителна трета фаза на испитувања според светските фармацевтски стандарди и без објавување на податоците од претходните фази.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Боцевски во „Топ тема“: Пендаровски зборува како кандидат за премиер, го мобилизира членството на СДСМ и го глуми Зоран Милановиќ

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ во „Топ тема“: Следи тесна битка за претседател меѓу двајца кандидати, Македонија нема да погреши со било кој од нив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе