Вести Македонија Топ вести

Меркел му го честиташе новиот мандат на Заев

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на Зоран Заев му го честиташе реизборот за премиер на Република Северна Македонија.

  • Ви честитам за реизборот за премиер на Република Северна Македонија. Северна Македонија и Германија се поврзани со тесно партнерство, билатерални врски, и како сојузници во НАТО, нагласи таа во честитката

Меркел посочи дека германската Влада целосно ја поддржува целта за поголемо доближување на земјата до Европската унија.

  • Од клучно значење на тој пат е посветено продолжување на реформите, вели германската канцеларка во честитката.

Таа на крајот на Заев му посакува среќа и успех во неговата одговорна задача и изразува задоволство од соработката меѓу двете земји

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Стојковски: Фазната интеграција мора да води до полноправно членство, но недостасува предвидливост во процесот

Дејан Дејан

Тилев: Новиот нон-пејпер нуди конкретни чекори за побрза интеграција, но Македонија мора прво да го отвори кластерот „Фундаменти“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе